Свет
Драма на летот за Грција: пијан маж се обидел да ја преземе контролата над авионот, патниците се бореле со него за да го совладаат

Патник во алкохолизирана состојба се обидел да упадне во пилотската кабина на авионот на компанијата „Изи џет“ на височина од 10.000 метри тврдејќи дека пилотот бил неук и дека може подобро да пилотира, но екипажот и патниците успеале да го совладаат.
Авионот, кој полетал од лондонскиот аеродром „Гетвик“ кон грчкиот остров Кос, морал принудно да слета во Минхен, а инцидентот се случил во вторникот вечерта.
Патниците и персоналот, кои се бореле со него, го собориле на подот, а потоа добиле аплауз од преплашените патници, пишува весникот „Сан“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел од крајно десните израелски политичари за проширување на израелскиот суверенитет врз оваа територија.
„Не, нема да дозволам. Тоа нема да се случи. Доста е, време е ова да запре“, рече Трамп во Белата куќа, објаснувајќи дека темата ја покренал по телефонскиот разговор со премиерот Бенјамин Нетанјаху за состојбата во Појасот Газа.
Притисокот за анексија доаѓа од дел од десното крило на коалицијата на Нетанјаху, кое бара формално воведување на израелскиот суверенитет врз Западен Брег. Овие барања предизвикуваат силна загриженост кај арапските лидери, од кои дел се сретнаа со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Западен Брег е освоен од Израел во војната во 1967 година. Палестинците со децении го бараат како дел од својата идна држава, заедно со Источен Ерусалим и Појасот Газа. На оваа територија денес живеат околу 2,7 милиони Палестинци и околу 700.000 израелски доселеници. Повеќето земји во светот не ги признаваат израелските населби таму и ги сметаат за нелегални според меѓународното право.
Изјавата на Трамп доаѓа во чувствителен момент на засилени судири во Газа и зголемен дипломатски притисок за изнаоѓање долгорочно решение за израелско-палестинскиот конфликт.
Свет
Трамп најави нови царини на лекови, камиони и мебел

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека од 1 октомври ќе стапат на сила нови царини: 100 отсто на увоз на брендирани лекови, 25 на тешки камиони, 50 на кујнски ормари и 30 проценти на тапациран мебел.
Трамп изјави дека целта е заштита на домашното производство и националната безбедност, додека Американската стопанска комора и повеќе сојузници предупредија дека мерките ќе ги погодат блиските трговски партнери и голем дел од индустријата.
Свет
Покренато обвинение против поранешниот шеф на ФБИ

Федерална голема порота во Вирџинија подигна обвинение против поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, поради наводно лажно сведочење пред Конгресот во 2020 година.
Коми се изјасни за невин и порача дека ќе се брани на судење кое е закажано за 9 октомври. Ако биде прогласен за виновен, му се заканува казна до пет години затвор.
Обвинението го води поранешна адвокатка на Доналд Трамп, што предизвика реакции и критики од демократите, кои случајот го оценија како „срамотен напад врз владеењето на правото“.