Свет
Педофил се преправал дека е жена за да намами девојче: го малтретирал 27 часа, полицијата во куќата во Шкотска открила грозоморни детали
Ендрју Милер (53) од Шкотска е осуден на 20 години затвор затоа што демнел 13-годишно девојче, кое го киднапирал, а потоа сексуално го нападнал и го малтретирал цели 27 часа.
Педофилот имал псевдоним Ејми Џорџ и се маскирал во жена и ги мамел жртвите да одат со него во автомобил. Токму на овој начин Милер ја измамил и тинејџерката, која отишла со него во автомобилот бидејќи, како што се наведува, сакал да ѝ помогне „да не замрзне“.
По возењето, пристигнале во неговата куќа, каде што била задржана 27 часа, каде што цело време ја допирал и сексуално ја вознемирувал, а откако го нашла скриениот фиксен телефон, веднаш се јавила во полиција.
Девојката ѝ кажала на полицијата дека Ендру се преправала дека е жена по име Ејми и понудила да оди со него во автомобилот за да не настине, а таа морала да спие во кревет со него и да гледа порнографија.
По неговото апсење, полицијата пронашла дури 242 фотографии од деца во експлицитни публикации на неколку лаптопи што ги поседувал.
Судијата Лорд Артурсон ги опиша злосторствата на Милер како „грозоморни злосторства, крајно девијантни и развратни“, пишуваат медиумите во регионот.
Милер беше осуден на 20 години затвор за киднапирање деца и сексуална злоупотреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кадиров итно хоспитализиран во Москва
Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров итно бил хоспитализиран во Москва во ноќта меѓу 24 и 25 декември, објави порталот Новаја Газета Европа, повикувајќи се на свои извори.
Според изворите на Газета, Кадиров пристигнал во руската престолнина за да учествува на состанок на Државниот совет, со кој претседавал рускиот претседател Владимир Путин. Меѓутоа, неговата здравствена состојба нагло се влошила, по што со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Централната клиничка болница на Претседателската администрација на Руската Федерација.
Состанокот на Државниот совет бил одржан без присуство на претставници од Чеченија.
Во извештајот се наведува дека во Москва едвај успеале да го реанимираат, по што се вратил дома и оттогаш не се појавил во јавноста.
Фото: depositphotos
Свет
Европските земји подготвени да испратат до 15.000 војници во Украина по прекинот на огнот
Европските земји се подготвени да испратат меѓу 10.000 и 15.000 војници во Украина во првите шест месеци по прекинот на борбите, во рамки на безбедносните гаранции, пишува германскиот весник „Ди Велт“.
Како што наведува весникот, овие сили би имале задача да го надгледуваат можниот прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
Според информации од дипломатски кругови во Брисел, плановите за тоа како би изгледале безбедносните гаранции за Украина веќе се подготвени.
„Плановите главно ги развиле воени експерти од вооружените сили на Обединетото Кралство и Франција, во соработка со Брисел“, изјавиле дипломатски претставници запознаени со текот на преговорите.
Се наведува дека токму Франција и Обединетото Кралство се подготвени, доколку биде потребно, да го надгледуваат почитувањето на прекинот на огнот со користење копнени сили.
Проценките се дека бројот на војници во мисијата би изнесувал меѓу 10.000 и 15.000 во првите шест месеци по завршувањето на конфликтот.
Дополнително, дипломатските извори истакнуваат дека Франција и Обединетото Кралство се подготвени да учествуваат во надзорот на прекинот на огнот дури и без мандат од Обединети нации или Европска Унија.
За започнување на мисијата би бил доволен само повик од Украина. Надзорот на прекинот на огнот од воздух и од море би го обезбедувале државите што граничат со Украина, додека Турција исто така има важна улога во развојот на плановите, бидејќи би можела да го надгледува регионот на Црното Море.
Свет
„Њујорк тајмс“: ЦИА тајно ѝ помагала на Украина во нападите врз руските нафтени рафинерии
Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) тајно ѝ помагала на Украина со обука и разузнавачки податоци за напади врз клучни руски нафтени рафинерии и т.н. „флота во сенка“, која Русија ја користи за заобиколување на санкциите, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски и украински функционери.
Според весникот, од јуни, со одобрение на американскиот претседател Доналд Трамп, ЦИА доставувала прецизни разузнавачки информации за засилување на украинските воздушни напади врз руската нафтена инфраструктура. Нападите довеле до значително намалување на преработката на нафта во Русија, пад на извозот и недостиг на гориво, со проценета дневна загуба од околу 75 милиони долари.
Извори наведуваат дека Трамп ги пофалил нападите како средство за зголемување на преговарачкиот притисок врз рускиот претседател Владимир Путин, иако во Белата куќа постоеле поделени ставови, а во одреден период била замрзната и размената на разузнавачки информации.
Весникот наведува и дека Украина, со поддршка од ЦИА, започнала поморска кампања со дронови против „флотата во сенка“ – мрежа од бродови што транспортираат санкционирана нафта – со цел да се намали финансирањето на руската економија и да се зајакне позицијата на Киев во мировните преговори.

