Регион
Песков за ситуацијата на Косово: Најважно за нас е да ги обезбедиме интересите на Србите

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека треба да се заштитат сите права на косовските Срби и дека Русија е посветена на решавање на ситуацијата преку дипломатски средства.
„ Ние се залагаме за апсолутно почитување на сите права на косовските Срби и за исполнување на обврските преземени од страните според сите документи релевантни за оваа ситуација. Најважно за нас е да ги обезбедиме интересите на Србите. Ги поддржуваме мирните напори на страните и решавањето на ситуацијата преку дипломатски средства“, рече Песков на прес-конференција во Москва.
Потенцирајќи дека е неопходно да се намалат тензиите, Песков рече дека српскиот претседател Александар Вучиќ не побарал поддршка од рускиот претседател Владимир Путин во врска со ситуацијата на Косово.
Портпаролката на руската дипломатија, Марија Захарова, ја обвини Приштина дека „се определила за поостра репресија против косовските Срби“ и дека „посегнува по директно насилство од етнички причини“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.