Свет
Песков: Испораката на оружје ќе ѝ донесе на Украина повеќе страдања
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека испораките на оружје за Украина не ги менуваат параметрите на руската специјална операција во таа земја.
Песков оценува дека употребата на тоа оружје против Русија само ќе ја влоши ситуацијата и ќе донесе повеќе страдања за самата Украина.
„Ваквото надувување на Украина со оружје секој пат не ги менува сите параметри на специјалната воена операција. Но, едноставно ќе ѝнанесе уште повеќе страдања на Украина, која е едноставно алатка во рацете на оние земји кои ја снабдуваат со оружје“, рече Песков, пренесува РИА Новости.
Тој изјави дека населението на самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск треба само да одлучи дали ќе организира референдум за приклучување кон Русија.
„Во овие услови приоритет е да се обезбеди безбедноста на републиките“, рече Песков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уште трае рускиот напад, во Киев нема струја и парно, има и загинати
Речиси 9 часа Киев ноќеска беше под опсада. Во градот воздушната опасност сè уште е на сила поради заканата од балистички ракети. Русија лансираше повеќе хиперсонични ракети „Кинжал“, балистички ракети „Искандер“ и крстосувачки ракети „Калибр“ врз украинскиот главен град. Во нападот, најмалку 11 лица беа повредени, пишува „Киев Индепендент“.
Речиси една третина од украинскиот главен град е без греење, а во некои делови од Киев нема електрична енергија.
Kyiv is dying – just a few hundred kilometers from the NATO border.
All because Europe is led by the most cowardly and stupid politicians like Merz, Macron, Starmer, Meloni, and Tusk. pic.twitter.com/GqvmYbCwMf
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) December 27, 2025
Свет
Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со Зеленски
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери, изјави портпарол на ЕК.
Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе се сретне со Зеленски утре во Палм Бич на Флорида.
Средбата е закажана за 15 часот по локално време и ќе биде посветена на напорите за прекин на војната во Украина.
Свет
Има повредени во рускиот напад врз Киев
Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран од Укринформ.
„Досега, четворица од повредените во непријателскиот напад добиле медицинска помош. Тројца се хоспитализирани, а еден е прегледан и се лекува надвор од болницата“, рече Кличко.
Според него, пожар избувнал во сервис за автомобили во југозападниот дел на Киев. Во северниот дел на главниот град, остатоци од беспилотни летала паднале во населба со викендици, а во североисточниот дел од градот има остатоци на отворен терен.
Градоначалникот додаде дека сите служби за итни случаи и спасување се на местото на нападот.

