Свет
Песков: Соработката меѓу САД и Украина во експлоатација на ретки метали е воена помош за Киев
Идејата за соработка меѓу Украина и САД на полето на експлоатација на ретките метали претставува обезбедување воена помош на комерцијална основа, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.
„Ова е предлог Украина да купи американска помош, односно повеќе да не ја добива бесплатно или на некој друг начин, туку на комерцијална основа“, рече Песков додавајќи дека е подобро да не се дава никаква помош на Киев и на тој начин да се придонесе за ставање крај на конфликтот“, се вели во извештајот на агенцијата „Интерфакс“.
Повикувајќи се на неименувани извори, „Њујорк тајмс“ и „Фајненшл тајмс“ претходно објавија дека Украина е подготвена да соработува со САД на полето на експлоатација на ретки метали во замена за долгорочни гаранции дека овие ресурси нема да стигнат до Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кина ги укина специјалните пристанишни такси за американските бродови
Кина ги укина специјалните пристанишни такси за бродовите од САД за една година, како одговор на сличен потег од Вашингтон, објави денес кинеското Министерство за транспорт.
Според соопштението на кинеското Министерство за транспорт, собирањето специјални пристанишни такси „ќе биде суспендирано за една година“ од 10 ноември, истовремено со суспендирањето на спроведувањето на релевантните мерки од страна на САД против Кина, како дел од спроведувањето на консензусот постигнат на економските и трговските консултации меѓу Кина и САД во Куала Лумпур во 2025 година, се наведува во соопштението.
На 17 април, американските власти воведоа специјални пристанишни такси за бродовите поврзани со Кина, а како одговор, Кина почна да наплаќа специјални пристанишни такси за американските бродови на 14 октомври.
Овој данок се применуваше на бродови во сопственост или управувани од американски компании, како и на бродови што пловат под американско знаме или се изградени во САД, пренесува Танјуг.
Во понеделникот стапија во сила низа кинески одлуки, со кои се укинаа дополнителните царински давачки за американска стока и извозните контроли за одредени американски компании.
Овие одлуки следеа по неколку рунди кинеско-американски трговски и економски консултации во Куала Лумпур, како и по состанокот меѓу кинескиот претседател Шји Џјинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп, што се одржа на 30 октомври во Бусан, Јужна Кореја.
Фото: принтскрин
Свет
Брисел го обвинува Трамп за поткопување на позицијата на Европа
Европската унија изјави дека е потребна „одлучувачка акција“ во врска со постапките на американскиот претседател Доналд Трамп, кои, според европските преговарачи, ја ослабуваат позицијата на земјите од ЕУ во меѓународните разговори за климатските промени, објави порталот „Политико“, повикувајќи се на извори од Брисел.
„Американците повеќе не се во можност да ги одбијат нападите врз преговарачката позиција на богатите земји, што ја става Европската унија во непријатна позиција. Во Белем, на Конференцијата на ОН за климатски промени, апсолутно е потребно да му се даде решителен одговор на Трамп“, се наведува во соопштението на европските претставници.
Трамп неодамна изјави дека „ја добил војната против измамата за климатските промени“, откако основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, призна дека погрешил во своите претходни проценки за влијанието на човекот врз глобалното затоплување.
На крајот на јануари, американскиот претседател потпиша извршна наредба со која повторно ги повлекува САД од Парискиот договор за климата. Тој договор беше усвоен на 12 декември 2015 година, по 21-та конференција на ОН за климатските промени во Париз. За време на првиот мандат на Трамп, Америка веќе официјално се повлече од овој договор еднаш – на 4 ноември 2019 година.
Европските претставници стравуваат дека новото повлекување на САД од глобалните рамки за климата би можело да ги поткопа заедничките напори во борбата против климатските промени и да го ослаби кредибилитетот на Западот во претстојните преговори со земјите во развој.
Фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа Доел во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

