Свет
Петмина млади исчезнаа по ноќно излегување: по дводневна потрага, пронајдени телата на тројца
Пет млади лица исчезнале ноќта меѓу петокот и саботата кога се враќале од ноќно излегување во Њупорт. По дводневна потрага, полицијата пронашла тела на тројца од нив, а двајца итно се хоспитализирани.
Софи Рејсон (20), Ајв Смит (21) и Дарси Рос (21) последен пат биле видени во бар во раните утрински часови во саботата. Полицијата верува дека трите девојки влегле во џип „фолксваген тигуан“ со уште две млади момчиња, Рафаел Џин и Шон Лонглин, откако излегле во петокот.
Никој не е виден од 2 часот по полноќ во саботата кога Дарси и Рафаел ги објавија фотографиите на Snapchat.
Полицијата, конечно, го пронајде автомобилот во кој последен пат биле видени петте млади лица. Тројца од нив, чие исчезнување во меѓувреме е пријавено, се пронајдени мртви, а две лица се пренесени во локалната болница во тешка состојба.
Полицијата верува дека починатите учествувале во сообраќајна несреќа рано наутро во саботата кога нивниот автомобил излетал од патот, пренесува „Мирор“.
Сестрата на Ајви, Лорена, преку објава на „Фејсбук“ потврди дека сестра ѝ, за жал, починала.
„Ви благодарам на сите за поддршката. Нема да одговарам на пораките, да се обидеме како семејство да ја прифатиме оваа страшна вест“, напиша таа.
Во меѓувреме, се огласи мајката на Софија, Ана, која е бесна на полицијата бидејќи навреме не почнале да ги бараат ќерка ѝ и нејзините пријатели. Таа вели дека била очајна кога ќерка ѝ исчезнала и сама со својот автомобил ја пребарала областа.
„Решив сама да ги барам откако полицијата ми рече да престанам да им се јавувам и да прашам дали има новости. Ќерка ми не излегуваше често, знаев дека нешто не е во ред, нема тукутака да замине“, рекла Ана.
Ана рече дека Ајв, Софи и Дарси се пријатели уште од мали. Таа вели дека последен пат се чула со ќерка си во петокот попладне кога Софи ѝ кажала дека излегува со другарките.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

