Свет
Петмина членови на Тајната служба привремено суспендирани по атентатот на Трамп
Најмалку пет членови на американската тајна служба беа ставени на административно отсуство по атентатот на поранешниот претседател Доналд Трамп на 13 јули во Батлер, Пенсилванија, објави денеска „Фокс њуз“.
Еден член на тимот за лично обезбедување на Трамп и четворица членови на Теренската канцеларија на Тајната служба во Питсбург, вклучувајќи го и одговорниот специјалниот агент, наводно биле пуштени на одмор речиси шест недели по инцидентот.
„Фокс њуз“, исто така, објави дека Тајната служба била интерно информирана за заканата за Трамп од Иран пред настанот во Батлер, Пенсилванија, и се верува дека истражува зошто дошло до собирот на Батлер, со оглед на тие информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Фото) Грчки нуркачи го чистеа морето кај Солун, не можеле да поверуваат што пронашле
Тим од 20 нуркачи волонтери го чистеа брегот кај Солун и извлекоа неочекуван „улов“ од водата: цела флота возила, наведуваат на страницата Никана.гр.
„Дваесет нуркачи волонтери, со помош на други членови на тимот и механизација, го чистеа брегот кај Солун на потегот од Белата кула до првото пристаниште. Како што можете да видите на сликите, „фатен е“ цел арсенал на превозни средства“, скутери, велосипеди, па дури и помали мотори. Им честитаме на волонтерите и секако ги поддржуваме ваквите акции кои придонесуваат за почиста морска средина“, беше наведено заедно со фотографии од местото на настанот.
Многумина беа шокирани, на луѓето не им е јасно како и зошто сето ова се нашло на морското дно, а објавата брзо стана вирална како предупредување за околината.
Регион
Трагедија во Улцињ: се удави Украинец, жената и детето извлечени во последен момент
Во текот на денот се случила несреќа на црногорското приморје кога на плажата кај Улцињ се удави 36-годишниот Украинец О.Ј., објавија црногорските медиуми.
„Беше во морето со сопругата и синот, тој загина, а сопругата и детето беа спасени благодарение на Холанѓанецот кој ги извлече. Нивните животи не се во опасност“, потврдија од полицијата за РИНА.
Инаку, поради лошите временски услови од претходните денови, се апелира до граѓаните и туристите да внимаваат кога е во прашање капењето во море и возењето чамци.
Европа
Австрија се подготвува за поплави и лизгање на земјиштето, Салцбург издаде предупредување за лавина
Метеоролозите во Австрија во наредните денови очекуваат обилни врнежи од дожд со потенцијални поплави и лизгање на земјиштето, соопшти државниот метеоролошки институт Геосфера Австрија.
Од вечерва во поголемиот дел од Австрија се очекува да наврнат околу 200 литри на квадратен метар.
Службите за вонредни состојби долж Дунав се подготвуваат за ретки нивоа на поплави, кои обично се случуваат еднаш во деценија или помалку, според властите. Луѓето поставија мобилни системи за заштита од поплави и наполнија вреќи со песок.
На патниците им беше кажано да очекуваат доцнења на аеродромот во Виена. „Поради моменталните лоши временски услови на различни европски локации и во Виена, во моментов има изолирани доцнења на полетувањата од аеродромот во Виена“, се вели во извештајот.
На планините снегот предизвика затворање на локалните патишта, а Салцбург предупреди на опасност од лавини.
Поради невремето откажани се неколку концерти на отворено и фудбалски натпревари.