Свет
Пет деца во САД загинаа во пожар додека татко им бил на божиќен шопинг
Пeт деца во САД загинаа во пожар во двокатна зграда, кој избувнал додека татко им бил на божиќен шопинг, пишува „Скај њуз“.
Трагедијата, во која животот го загубија едно девојче и четири момчиња, се случи во Булхед Сити, Аризона.
Децата на возраст од 2, 4, 5 и 13 години, кои загинаа, се браќа и сестри, а 11-годишното момче е нивен братучед, кој дошол на гости. Таткото на четирите деца им рекол на инспекторите дека ги оставил во домот околу два и пол часа додека одел на шопинг за храна и божиќни подароци, извести полицијата на градот Булхед.
Според полицијата, во тој момент во домот немало други возрасни лица.
Истражителите веруваат дека пожарот избувнал од приземјето и се проширил низ единствените скали во внатрешноста на куќата и затоа децата не можеле да излезат од куќата. Неколку соседи поставиле продолжени скали до спалната соба на горниот кат, но не можеле да ги извлечат децата.
Полицијата соопшти дека телата на петте деца биле во истата спална соба на катот од домот. Шефот на полицијата на Булхед, Роберт Требес, изјави дека инспекторите неуморно работат за да добијат одговори за причините за пожарот, пишува „Скај њуз“.
Несреќните деца се внуци на вработени во противпожарната служба на градот Булхед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.