Свет
Пет луѓе загинаа по удар на гром во Колумбија: играле фудбал на ливада

Пет лица загинаа, а најмалку 15 се повредени по удар на гром во областа на градот Ел Тамбо, Колумбија.
Невремето се случило кога селаните од Лома Ларга играле фудбал на теренот. Во тој момент удрил гром, а властите биле изненадени од размерите на смртоносниот удар.
Три тела се пренесени во Одделот за судска медицина во главниот град Каука, а другите две се оставени во општинското седиште на Ел Тамбо.
Ова е втор случај со смртни последици по удар на гром. Пред помалку од една недела во одделот Каука, 17-годишно момче беше погодено од гром во близина на дрво. Тој починал на лице место заедно со своето куче кое го изнел на прошетка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Ако Сиријците не си заминат доброволно, ќе им помогнеме да си заминат, рече заменик-претседателката на АфД

Заменик-претседателката на парламентарната група Алтернатива за Германија (АфД), Беатрикс фон Шторх, јасно го кажа својот цврст став за имиграцијата додека зборуваше во живо за Си-ен-ен во неделата навечер.
„Прво треба да се ослободиме од сите оние кои се илегално во Германија, а потоа да ги протераме сите оние кои дојдоа од Сирија бегајќи од Асад и сега го слават неговиот пад на улиците на Германија“, рече фон Шторх на изборната прослава на АфД во Берлин.
Таа продолжи: „Тие треба да си заминат доброволно. Ако не сакаат да си заминат, ќе им помогнеме да си заминат. Истото важи и за оние од Авганистан“.
Фон Шторх додаде дека е „благодарна“ на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс што „укажал дека демократијата е под закана и дека слободата на говорот во Германија е навистина под притисок“. Ова доаѓа откако Венс зборуваше на Минхенската безбедносна конференција претходно овој месец, велејќи им на европските лидери дека таканаречените „огнени ѕидови“ немаат „место“ во демократијата.
Европа
Зеленски: Ни требаат 20 системи „Патриот“, подготвени сме да инвестираме

На Украина и се потребни 20 системи „Патриот“ за заштита од руски воздушни закани, кои ќе чинат околу 35 милијарди долари (33,45 милијарди евра), изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека Украина е подготвена да ја инвестира таа сума.
„Потребни ни се 20 од овие системи („Патриот“), а тоа е дефинитивно 35 милијарди долари. Доколку САД ни обезбедат 35 милијарди долари во форма на „Патриот“, ќе сметаме дека тие инвестирале. Ние, пак, сме подготвени да инвестираме иста сума од наша страна“, рече Зеленски, објави УНН.
Според Зеленски, цената на еден систем „Патриот“ е околу 1,5 милијарди долари (1,43 милијарди евра), иако цената може да се зголеми на 1,8 милијарди долари (1,72 милијарди евра) поради војната. Зеленски, исто така, истакна дека Украина сè уште не ги добила сите системи „Патриот“ што беа најавени минатата година.
Свет
Трамп ги коментираше изборите во Германија: Ова е одличен ден

Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше резултатите од изборите во Германија.
„Се чини дека конзервативната партија во Германија победи на многу важни и долгоочекувани избори. Слично како и во САД, народот во Германија се умори од политиката без здрав разум, особено во однос на енергијата и имиграцијата, кои преовладуваат со години. Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите – претстојат уште многу победи“, рече тој.
Излезноста на овие избори, 84 отсто, беше највисока од обединувањето на Германија.