Свет
Писма со рицин до Пентагон и Трамп испраќал морнарички ветеран
ФБИ уапси американски морнарички ветеран под сомнение дека до високи американски официјални лица испраќал писма за кои се стравува дека го содржеле отровот рицин. Ова го соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Солт Лејк Сити.
Триесет и деветгодишниот Вилијам Клајд Ален бил уапсен во неговиот дом во Логан (Јута) и против него в петок ќе биде покренето обвинение, изјави портпаролката. Ален служел во американската морнарица од октомври 1998 до 2002 година.
Ален е под истрага за писма испратени до претставници на Пентагон и претседателот Доналд Трамп, соопшти друг извор.
Американски официјални лица во средата објавија дека веднаш е отфрлена можноста дека станува збор за терористички акт, за случајот кога во канцеларијата за сортирање пошта во Пентагон биле доставени коверти што биле позитивни на рицин.
Портпаролката на Пентагон изјави дека тестирањето на рицин било позитивно поради семките од рицинус кои биле во коверот, а не поради смртоносниот отров.
Рицин е природна состојка на растението рицинус, но само преку преработка се трансформира во биолошко оружје. Рицинот може да предизвика смрт за 36 до 72 часа по изложеноста, а за него досега не е откриен противотров.
Едно од писмата било упатено до американскиот секретар за одбрана Џим Матис, а Американската тајна служба соопшти дека истражува сомнителен коверт адресиран и до Трамп, кој бил доставен во понеделникот, но воопшто не влегол во Белата куќа.
ФБИ информираше дека истражува потенцијално опасни хемикалии во Логан, околу 106 километри северно од Солт Лејк Сити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.
Свет
Рјабков: Русија нема доверба во НАТО
Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.
Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.
„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.