Свет
Повеќе од половина од Американците поддржуваат испраќање војска за справување со немирите
Повеќе од 50 отсто од Американците сакаат армијата да биде распоредена на улиците на градовите во САД за да ѝ помогне на полицијата да се справи со немирите што беснеат низ целата земја по смртта на Џорџ Флојд од рацете на полицијата во Минеаполис, пренесува РТ.
САД повеќе од една недела се зафатени од масовен бран протести на кои стотици илјади луѓе излегоа на улиците да бараат правда за Афроамериканецот кој беше загушен до смрт од страна на полицаец за време на апсењето.
Иако можеби се чини дека нацијата, или поголемиот дел од неа барем, се собра зад каузата, голем број Американци признаа дека нема да се спротивставуваат на распоредувањето на војската за да ѝ помогне на полицијата во справувањето со протестите што кулминираа во немири и насилни судири со полицијата во многу градови.
Анкетата спроведена помеѓу 31 мај и 1 јуни од компанијата за собирање податоци „Морнинг консалтинг“ покажа дека дури 58 отсто од Американците ја одобруваат идејата. Една третина од испитаниците силно го поддржуваат тоа, а само 30 отсто се против, до одреден степен, распоредување на трупите. Истражувањето се потпира на национален примерок од 1.624 регистрирани гласачи интервјуирани преку интернет.
Во исто време, друга анкета спроведена од истата компанија во приближно истиот период открива дека 54 отсто од луѓето во САД ги поддржуваат протестите и речиси еднаков број од нив го гледаат полициското насилство врз јавноста како поголем проблем од насилството против полицијата.
Се чини Афроамериканците се особено загрижени поради полициското насилство; 85 проценти од оваа демографска група ја поддржаа оваа изјава.
Стотици градови во сите 50 држави во САД беа сведоци на митинзи и демонстрации во солидарност со Флојд и другите Афроамериканци убиени од полицијата на кои луѓето бараат правда за жртвите.
Полицаецот кој го уби Флојд оттогаш беше отпуштен од полицијата, уапсен и обвинет за убиство од трет степен и за убиство од втор степен. Тоа, сепак, не ги запре протестите. Многу митинзи беа мирни, но во многу случаи тензиите се прелеваа и демонстрациите се претворија во насилни немири, напади врз полицијата и грабежи.
Претседателот Доналд Трамп веќе распореди војници во Вашингтон откако масовните протести во близина ја натераа на Белата куќа во режим на строго ограничено движење. Трамп се закани дека ќе ја испрати војската и во други држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.