Свет
Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија се на слобода бидејќи нема место во затворите

Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не се испратени на издржување на казната дома бидејќи нема доволно простор во затворите, објави денеска холандскиот портал EenVandaag.
Како што е наведено, сторителите во 1.158 кривични случаи во кои се вмешани жртви сè уште се на слобода.
Државниот секретар за правда и безбедност, Ингрит Кунради, рече дека сегашната ситуација добила црн статус, што значи дека нема повеќе слободни места во затворите во Холандија за прифаќање нови осуденици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев.
Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, објави Ројтерс.
Рубио моментално е на пат кон саудискиот град Џеда заедно со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц.
Свет
Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за напредок од двете страни, соопшти Кремљ. Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да се зближи со рускиот претседател Владимир Путин ги вознемири Украина и европските сојузници.
„Ние сме на почетокот на патот кон обновувањето на нашите билатерални односи. Патот пред нас е прилично долг и тежок, но барем двајцата претседатели изразија политичка волја во таа насока“, истакна гласноговорникот на Кремљ, Димитриј Песков.
Песков рече дека е важно да се утврди дали Украина навистина сака мир или не. Украина утре во Саудиска Арабија треба да одржи дипломатски разговори со САД за завршување на војната со Русија.
Тоа ќе биде прва средба меѓу украински и американски претставници по катастрофалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа на крајот на февруари кога се судри со Доналд Трамп, анализираат медиумите.
Зеленски во понеделникот рече дека е подготвен да седне на преговарачка маса што е можно побргу и бара гаранции од САД и Европа за безбедноста на неговата земја.
Украина сака мир и Русија е „единствената причина зошто војната продолжува“, објави тој на „Телеграм“. „Украина сака мир од првата секунда од војната и секогаш сме велеле дека единствената причина поради која војната продолжува е Русија“.
Свет
(Видео) Катастрофа во Аргентина: 16 загинати во поплави, наредена итна евакуација

Најмалку 16 лица загинаа во поплавите што ги погодија источниот брег и градот Баја Бланка, Аргентина, соопштија властите.
🚨🇦🇷 UPDATE | Bahia Blanca Flood Disaster (Argentina)
.16 Dead, Military Deployed as Floods Ravage Bahia Blanca.
.Torrential rains (400mm in hours) cause catastrophic flooding in southern Buenos Aires province.
.Argentine military assisting in disaster relief. https://t.co/EjSEM7rZE0 pic.twitter.com/waQMzp2Uu9— Weather Monitor (@WeatherMonitors) March 9, 2025
Aftermath: Bahia Blanca, Argentina 🇦🇷 https://t.co/7yavqAvTlQ pic.twitter.com/3IMb89yHyi
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) March 9, 2025
Поплавите се предизвикани од обилните дождови што паѓаат од петокот, а властите велат дека трагаат по десетици исчезнати лица, пренесува АП.