Европа
Повеќе од 500 жени тужеле компанија во Америка поради сексуален напад од возачи

Повеќе од 500 жени ja тужеа компанијата „Убер“ во САД поради обвинувања за сексуален напад од возачи.
Во тужбите се наведува дека возачите на „Убер“ киднапирале, сексуално вознемирувале и малтретирале жени, ги силувале, насилно ги затворале, ги демнеле или на друг начин ги напаѓале“, пренесува Би-би-си.
Случајот ќе го разгледа Врховниот суд на округот Сан Франциско.
„Сексуалниот напад е ужасно злосторство и ние сериозно го сфаќаме секој извештај“, изјавиле од компанијата за Би-би-си.
Како што соопштиле од таму, нема ништо поважно од безбедноста, па затоа „Убер“ создаде нови безбедносни карактеристики, воспостави политики фокусирани на жртвите и стана потранспарентен за сериозни инциденти.
„Иако не можеме да коментираме за тековните судски спорови, ќе продолжиме да ја штитиме безбедноста на нашата работа“, додале од компанијата.
Во тужбата, поднесена од адвокатите, се наведува дека сексуалните напади се случиле во повеќе американски држави.
Исто така, се вели дека уште најмалку 150 случаи на можна злоупотреба се активно под истрага, пренесува медиумот.
Според тужбата, „Убер“ уште во 2014 година бил информиран дека неговите возачи сексуално злоупотребуваат и силуваат патнички.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин