Свет
Пожари во САД, евакуирани илјадници луѓе
Поради шумски пожар што избувна во американската сојузна држава Аризона, во округот Јавапаи, прогласена е вонредна состојба.Пожарот што избувна во Националната шума Прескот, во Аризона, продолжува да се шири. Пламените јазици со помош на ветерот со брзина и до 56 километри на час зафатија подрачје од 8.300 хектари.Гувернерот на Аризона, Даг Дуси, прогласи вонредна состојба во Јавапаи, а затворени се и сите главни патишта кои водат кон градот Прескот.Во Мајер и Дјуи-Хумболт евакуирани се околу 6.000 луѓе. Со огнената стихија се борат околу 500 пожарникари, а еден од нив е повреден.
Во шумскиот пожар што изби во Аризона во 2013 година животот го загубија 19 пожарникари.
Пожари се појавија и во западниот дел на САД каде што е причинета значителна материјална штета, а евакуирани се неколку илјади лица. Во пожарот што изби во северниот дел на Лос Анџелес изгореа многу куќи. Пожарот во Сан Луис Обиспо го зафати и имотот на ѕвездата на популарната серија „Big Bang Theory” Џони Галецки.Во сојузната американска држава Јута изгореа 13 куќи, а евакуирани се 1.500 лица кои се наоѓаа во скијачкиот центар.
Пожар се појави на три места и во сојузната американска држава Вашингтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Холандија почнаа парламентарните избори
Во Холандија утрово почнаа парламентарните избори, избирачките места се отворија во 7:30 часот и ќе бидат отворени до 21:00, по што ќе започне пребројувањето на гласовите и објавувањето на првите резултати, јави холандскиот јавен сервис „НОС“.
Право на глас имаат околу 13,5 милиони граѓани, а гласањето се одвива на 27 партии со 1.166 кандидати за 150 пратенички места.
Некои избирачки места беа отворени уште од полноќ. На поголемите железнички станици има и мобилни пунктови за гласање.
Анкетите покажуваат дека трката е исклучително тесна, а крајнодесничарската Партија за слобода (PVV) на Герт Вилдерс има шанса за силен резултат, иако повеќето партии не сакаат коалиција со него. Поддршка имаат и левите и десноцентристичките партии.
По распадот на претходната четирипартиска влада, парламентот брои дури 15 партии, па аналитичарите предупредуваат дека формирањето нова влада може да трае со месеци.
Свет
Куба ја погоди ураган, еден од најсилните од 2017 година
Откако ја погоди Јамајка како еден од најсилните урагани во Атлантикот, Мелиса накратко ослабе. Додека го преминуваше островот, таа изгуби дел од својата енергија бидејќи повеќе не беше над топлото море кое ја „хранеше“.
Кога северниот брег на Јамајка беше зад него, ураганот повторно се засили до четврта категорија и формираше добро изразено око на бура. Потоа Мелиса по втор пат дојде до копно, овој пат во југоисточна Куба, како ураган од категорија 3 со ветрови до 205 километри на час – еден од најсилните што го погодија островот од ураганот Ирма во 2017 година.
Потоа бурата ќе ослабне, но се очекува да се забрза кон североисток, преминувајќи ги Бахамите во текот на денот и приближувајќи се кон Бермуда, задржувајќи ја силата на ураган од прва категорија.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Јамајка прогласи катастрофа, објавени снимки
Ураганот Мелиса помина над Јамајка, но обемот на штетата сè уште не е познат – само зората ќе покаже што е уништено.

Премиерот Ендру Холнес вчера го прогласи островот за зона на катастрофа и предупреди на „разорни последици“. „Досега имаме извештаи за оштетени болници и обемни штети на станбени и комерцијални згради“, рече Холнес синоќа.
Jamaica 🇯🇲
Hurricane Melissa aftermath pic.twitter.com/WcUVfhbgTR— Rusty Sun Compass (@sun_iscompass) October 29, 2025
Мелиса ослабе на категорија 3 додека се приближува кон Куба
Националниот центар за урагани објави дека Мелиса малку ослабела и сега е ураган од категорија 3, со ветрови до 205 километри на час.
И покрај ова, се очекува да остане моќен ураган додека поминува над Куба и Бахамите и во близина на Бермудите.

