Европа
Пожари во Франција, температури до 47 степени
Пожарите во Франција, Грција, Португалија, Шпанија и Хрватска уништија илјадници хектари земја и принудија илјадници жители и туристи да се евакуираат. Ова е втор топлотен бран што погоди делови од Европа во изминатите неколку недели.
Научниците ги обвинуваат климатските промени и предвидуваат почести и поинтензивни епизоди на екстремни временски услови како топлотни бранови и суша.
Франција се подготвува за врвот на топлотниот бран што ја зафати земјата овој понеделник, додека шумските пожари продолжуваат да беснеат низ Стариот Континент. Синоптичарите издадоа највисока тревога за екстремни температури во дури 15 делови во Франција, вклучително и Жиронд на југозапад, каде што пожарите веќе направија хаос.
Во Франција, во шумата Ландес во регионот Аквитанија, температурите беа над 42 степени Целзиусови, според синоптичарот Оливие Пруст. А Бретања, која до неодамна ги избегнуваше најлошите горештини, може да забележи температура од 40 степени Целзиусови, велат експертите, што би било рекорд за регионот.
Во неделата пожарите во Жиронд, кои беснеат од вторникот, веќе уништија 13.000 хектари земја. Тие беа предизвикани од силните ветрови и принудија на евакуација 16.200 туристи, соопштија пожарникарите.
„Ќе има апокалиптична топлина во одредени области на југозапад“, изјави за AFP синоптичарот Франсоа Гуран од Метео-Франко. Температурите низ земјава се очекува да бидат над 30 Целзиусови степени, а во западната половина од земјава од 38 до 40 степени.
Официјални лица во неколку региони оттогаш исто така издадоа предупредувања за загадување поради високите концентрации на озон.
Во Шпанија, властите известија за околу 20 шумски пожари кои сè уште беснеат во различни делови на земјата, од југ до Галиција на крајниот северозапад, каде што пожарот уништи околу 4.500 хектари земја.
Во пожарите веќе загинаа неколку лица за брза помош од минатата недела, пренесуваат агенциите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

