Свет
Пожар уништи 500 години стар дворец во Јапонија, светско наследство на УНЕСКО

Пожар избувна на јапонскиот остров Окинава, при што зафатен е 500 години стариот дворец Шури, кој е светско наследство на УНЕСКО.
Според информациите, пожарот ги уништил сите седум главни објекти на дворецот. Пожарникарите се бореле со пламените јазици повеќе од 10 часа. Засега нема податоци за повредени.
Дрвениот замок изграден пред 500 години бил речиси целосно уништен за време на Втората светска војна. Тој служел како кампус за најголемиот јавен универзитет на Окинава до 70-тите години и оттогаш е поплуарна туристичка атракција.
Пожарот избувнал рано утрово и причината сè уште не е позната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Градоначалничка на германски град тешко повредена во напад со нож

Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми.
Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“.
Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока загриженост, велејќи на платформата Икс дека се надева на целосно закрепнување на политичарката.
Педесет и седумгодишната Шталцер беше избрана за градоначалничка пред нешто помалку од две недели, освојувајќи 52,2 проценти од гласовите во вториот круг од изборите.
Фото: принтскрин
Свет
Сијарто до Зеленски: Не можеш ти да одлучуваш кој ќе влезе во ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека лидерот на киевскиот режим, Володимир Зеленски, нема право да одлучува кои земји можат да се приклучат кон Европската унија.
„Зеленски не одредува кои земји се подготвени да се приклучат кон Европската унија, а кои всушност можат да станат нејзини членки. Ова е исклучиво прашање на Европската унија, каде што таквите одлуки се донесуваат едногласно“, рече Сијарто на својата страница на социјалната мрежа X.
Изјавата на унгарскиот министер за надворешни работи дојде откако Зеленски, на заедничка конференција со холандскиот премиер Дик Шоф, повика на промена во постапката за пристапување на Украина во ЕУ со цел да се избегне евентуалното вето на Унгарија. Тој предложи Киев и Брисел да разгледаат начини за елиминирање на потребата од едногласност или, како што рече, „да го зголемат притисокот“ врз премиерот Виктор Орбан за укинување на блокадата.
Според западните медиуми, унгарскиот премиер веднаш остро реагирал на заканите на Зеленски, велејќи дека Будимпешта нема да дозволи уцени или политичко условување во прашањата за европската политика на проширување.
Фото: принтскрин
Свет
Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија

Шведската активистка Грета Тунберг одговори на советот на американскиот претседател Доналд Трамп до неа да „бара помош“ за нејзините проблеми со агресијата, велејќи му дека и тој „страда од нив“.
Трамп ја нарече Тунберг (22), демонстрантка против климатските промени, која неодамна беше уапсена на брод што беше дел од „флотила“ што се обидуваше да ја пробие блокадата на Газа, луда проблематична личност која „треба да добие помош“ за нејзините проблеми со агресијата.
„Мислам дека треба да посети лекар. Таа е млада личност и е толку лута, луда е“, рече Трамп.
Одговор на Грета Тунберг
„Го видов Доналд Трамп повторно како ги изразува своите приватни, ласкави мислења за моето здравје и ја ценам неговата загриженост за моето ментално здравје“, напиша Тунберг на Инстаграм.
„До Трамп: Ги ценам сите препораки што ми ги дадовте за справување со овие таканаречени „проблеми со агресијата“ затоа што се чини дека и вие – со оглед на вашата импресивна историја – страдате од нив.“
Тунберг пристигна во Грција во понеделникот откако беше уапсена од Израел со стотици други активисти, а потоа депортирана поради обид за доставување хуманитарна помош во Газа.
„Сакам да бидам многу јасна. Таму се случува геноцид“, изјави Тунберг пред толпата на аеродромот во Атина.
„Нашите меѓународни системи ги разочаруваат Палестинците. Тие не се во можност да ги спречат дури ни најлошите злосторства“, рече таа.
„Она што се обидовме да го направиме со глобалната флотила беше да интервенираме кога нашите влади не успеаја да ја исполнат својата законска обврска“.
Фото: принтскирн