Европа
Покрај Орбан, Путин би можел да добие уште двајца сојузници во Европа: „Тоа ќе биде катастрофа“

По Виктор Орбан во Унгарија, и во Австрија и Словачка се закануваат да дојдат на власт проруски политичари, пренесува „Политико“.
Во Австрија екстремно десничарската Партија на слободата предводена од Херберт Кикл е најпопуларна од ноември, а во Словачка проруската Смер-СД, предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо, и тие водат на анкетите пред изборите во септември.
Ако победи, Словачка ќе ја прекине воената помош за Украина, вети Фицо. Кикл, од друга страна, најавува дека ќе го искористи правото на вето на Австрија во ЕУ за да ги укине бесмислените санкции против Русија.
Популарноста на Партијата на слободата се објаснува со зголемената инфлација и ненадејното зголемување на барањата за азил, кои се тројно зголемени за една година. Ова го поттикнува незадоволството од сегашната владејачка коалиција на Австриската народна партија (ÖVP) и зелените. Главната опозициска партија на социјалдемократите е зафатена од внатрешни борби, така што партијата на Кикл има најголеми шанси да ја преземе власта, оценува „Политико“.
Европските претставници предупредуваат дека победите на проруските сили во Словачка и Австрија ќе му дадат моќна алатка на рускиот претседател Владимир Путин против Украина и ќе ги поткопа напорите на ЕУ. Тоа би било катастрофа, изјави претставник на Комисијата за „Политико“. ЕУ веќе се бори со Унгарија, каде што премиерот Виктор Орбан ја презеде контролата врз сите главни лостови на моќ, вклучително и медиумите, создавајќи полуавторитарна држава во средината на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.