Свет
Политиката на едно дете би можело скапо да ја чини Кина
Кина мора целосно да ја укине својата политика за контрола на раѓањето деца со цел да ја зголеми својата работна сила во следните децении.
Ова е потребно со цел да се остане економски конкурентен во однос на земјите како што се САД, според новиот извештај на Централната банка на Кина.
Националната банка на Кина (ПБЦ) објави извештај според кој земјата не само што треба да ја укине политиката за планирање на семејството, туку и да ги охрабри паровите да имаат повеќе деца, со цел да се справат со растечкиот проблем на стареење на населението, според Глобал тајмс.РТС.
Извештајот, под наслов „Разбирање и противмерки на кинеската транзиција на населението“, ја нагласува потребата за зголемување на наталитетот во блиска иднина.
Пекинг треба да обрне внимание на фактот дека наталитетот се намалува и популацијата старее побрзо, велат кинеските експерти, додавајќи дека главниот економски ривал на САД минува низ „поволни промени“ во работоспособното население, најмногу благодарение на масовна имиграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Од вечерва голем штрајк во Белгија: голем број летови се откажани или одложени
Во Белгија од вечерва во 22 часот до утревечер е закажан 24-часовен генерален штрајк на работниците поради плановите за реформа на пензискиот систем, јавија белгиските медиуми.
Синдикатите кои ги претставуваат работниците во транспортот, образованието, Националната затворска служба и други области повикаа на генерален штрајк поради пензиската реформа која најверојатно ќе ја спроведе идната влада.
Голем број летови ќе бидат откажани или одложени, како и повеќето поаѓања на возови, а јавниот градски превоз во Брисел значително ќе биде намален, објави „Brussels Times“.
Општинските служби утре нема да го собираат сметот во Брисел.
Во штрајкот ќе учествуваат и над 20 илјади наставници.
Свет
(Видео) Огнено торнадо снимено во Лос Анџелес
Огнено торнадо е забележано во долината Сан Фернандо во Лос Анџелес, феномен предизвикан од силните ветрови во област која веќе пет дена е загрозена од големи пожари.
Катастрофалните пожари веќе однесоа животи на најмалку 16 луѓе и уништија повеќе од 10.000 згради.
Феноменот е снимен недалеку од елитната населба Пацифик Палисадес, една од најтешко погодените од пожарите, објави Дејли Меил.
Иако денеска состојбата на терен е нешто поповолна, уште најмалку три пожари не се ставени под контрола. Најновата снимка покажува огнено торнадо кое се формира додека пламените јазици се приближуваат до долината Сан Фернандо.
Sky5 was overhead of two #FireTornados along the northern flank of the #PalisadesFire. pic.twitter.com/byBTw0Pexm
— KTLA (@KTLA) January 11, 2025
Огненото торнадо е ретка појава која се јавува кога пожар со турбулентни ветрови создава огнен вител, придружен со пепел и чад.
Владата сè уште не објави проценки за штетите, но приватните фирми проценуваат дека таа ќе се искачи на десетици милијарди долари.
Јавното здравство на округот Лос Анџелес издаде наредба за јавно здравје, во која се наведува дека пожарите „сериозно го нарушиле квалитетот на воздухот и претставуваат непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје“.
Регион
Втор круг претседателски избори во Хрватска
Во Хрватска денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Во трката се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидат на опозициската Социјалдемократската партија СДП и Драган Приморац, кого го кандидира владејачката Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Во првиот изборен круг, одржан на 29 декември, Милановиќ освои 49,1% од гласовите, додека за неговиот противкандидат Приморац гласаа 19,35% од гласачите.
Хрватските гласачи, околу 3,8 милиони, ќе гласаат на 6 755 избирачки места во земјата и во странство.
Предизборните анкети предвидуваат убедлива победа на актуелниот претседател, а се очекува и поголема излезеност.
Во првиот круг на гласање излегле 46,02 отсто од гласачите запишани во избирачкиот список.