Свет
Политички аналитичари: Израел падна од дрво, Хамас ја доби медиумската битка
Политичкиот експерт Фахми Хуваиди рече дека прифаќањето на Израел за продолжување на примирјето со палестинските фракции на отпорот го означува почетокот на неговото повлекување од својата тврдоглава позиција на почетокот на војната, а професорот по политички науки, Билал ал-Шобаки, верува дека идејата за примирје е потребна од Тел Авив, пред сè, за да ги поправи своите првични цели.
Хуваиди за време на учеството во програмата „Газа… што понатаму?“ тврди дека Израел, кој зборуваше за искоренување на движењето на исламскиот отпор Хамас, почнал да го третира со почит, што значи дека почнал да се повлекува од позиција на закана, принцип на моќ и брутална желба за одмазда.
На истиот став е и шефот на Катедрата за политички науки на Универзитетот „Хеброн“, Билал ал-Шобаки, кој рече дека филозофијата на примирјето се заснова, пред сè, на принудување на Израел да ги повлече своите првични позиции и големи ветувања, што веќе е постигнато.
Ал-Шубаки смета дека посредниците не биле заинтересирани за деталите за примирјето, туку дека го одобруваат како прв чекор кон сузбивање на Израел и релаксирање на околината.
Ал-Шубаки истакна дека влијателните поранешни генерали во Израел зборуваат за потребата владата на Бенјамин Нетанјаху да ја искористи секоја можност за ослободување затвореници преку посредници.
Дополнително, начинот на предавање на затворениците испраќа болни пораки до сите оние што подигнаа големи слогани и ветуваа елиминација на Хамас, според Ал-Шубаки, кој смета дека отпорот се обидува да ги принуди Израелците да ги преиспитаат своите позиции и значајноста на воената операција по 50 дена војна.
Хуваиди се согласи со Ал-Шубаки велејќи дека Хамас успеал во медиумите во оваа битка, иако Израел почна да шири лажна пропаганда кога упати многу обвинувања против Хамас, кои беа прифатени од американскиот претседател Џо Бајден и западните земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

