Свет
Полицијата во Портланд уби осомничен за убиство на приврзаник на Трамп
Полицијата уби маж осомничен за убиството на приврзаник на Доналд Трамп минатиот викенд за време на немирите во Портланд, соопштија властите, објави Би-би-си.
Мајкл Реинол (48) беше осомничен од полицијата за убиство на приврзаник на претседателот Трамп за време на судир меѓу приврзаниците на претседателот и оние на движењето „Црните животи се важни“ во Портланд.
Реинол рече дека дејствувал во самоодбрана кога го убил Арон Даниелсон, член на десничарската група „Патриотска молитва“.
По него е распишана потерница, а полицијата го пронајде во четвртокот. Анонимен извор за АП изјави дека Реинол извадил пиштол при средбата со полицијата, по што полицајците го убиле.
Еден официјален претставник за „Њујорк тајмс“ изјави дека осомничениот за убиството, за кого не можеше да се потврди дека е Реинол, излегол од станот и влегол во возилото.
„Имаше пукање додека се обидуваа да го уапсат “, изјави полковникот Реј Брејди за „Њујорк тајмс“.
Exclusive: The victim of last night’s deadly shooting in downtown Portland is Aaron Danielson, who went by Jay. His family has been informed of his death.
Portland Police have not released details about their investigation and the shooter is at-large. #PortlandRiots pic.twitter.com/4y8j9fSJ5K
— Andy Ngô (@MrAndyNgo) August 30, 2020
Членовите и приврзаниците на движењето „Црни животи се важни“ протестираат, честопати насилно, од атентатот врз Џорџ Флојд во мај, а се случуваат и судири со десничарски групи.
Реиноел, кој редовно протестираше, за Vice News изјави дека мисли дека Даниелсон ќе го прободе него и неговиот пријател.
„Немав избор. Мислам, имав избор. Можев да седам и да гледам како го убиваат мојот пријател со различна боја на кожа, што не можев да го сторам тоа”, рече тој.
The police just executed Michael Forest Reinoehl as retailation for killing one of their racist ass militia men.
The sitting U.S. president called for the hit.
This is where we are. pic.twitter.com/rn6SAoVUdv
— ashley yates (@brownblaze) September 4, 2020
Во четвртокот претседателот Доналд Трамп го коментираше атентатот врз Даниелсон.
„Зошто полицијата во Портланд не го уапси ладнокрвниот убиец на Арон ‘Џеј’ Даниелсон? Направете си работа, направете го тоа брзо”, објави на Твитер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Би-Би-Си: Апсењето на Мадуро е опасен преседан за целиот свет
Апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, претставува сериозен преседан во меѓународните односи и удар врз меѓународното право, оценува Би-Би-Си во анализа.
Трамп изјави дека САД привремено ќе управуваат со Венецуела, додавајќи дека не се исклучува ниту испраќање војска. Американските власти тврдат дека операцијата била успешна воено, но експертите предупредуваат дека политичките последици би можеле да бидат катастрофални.
Би-Би-Си потсетува дека претходни американски интервенции со цел промена на режими, како во Ирак и Авганистан, довеле до долготраен хаос. Се предупредува дека и падот на Мадуро може да предизвика насилство, нестабилност и борба за власт во Венецуела.
Кина ја осуди американската акција како кршење на суверенитетот и меѓународното право, а анализата посочува дека ваквиот преседан може да биде искористен и од други светски сили, особено во контекст на Тајван и Украина.
„Откако еднаш ќе се премине оваа граница, правилата што го спречуваат глобалниот хаос почнуваат да се уриваат“, се наведува во анализата на Би-Би-Си.
Свет
Кина е бесна поради акцијата на САД, Трамп: Имам добар однос со Кси
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не верува оти операцијата на САД во Венецуела ќе им наштети на односите на САД со Кина и кинескиот претседател Кси Џјинпинг.
„Имам многу добар однос со Кси“, изјави Трамп пред новинарите во неделата вечерта на „Ер Форс Уан“. „Ние ја имаме моќта на царините, а тој има други механизми на влијание врз нас.“
Американскиот претседател, исто така, објави дека планира патување во Кина во април, каде што треба да се сретне со Кси.
Кина претходно ги повика САД веднаш да ги ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, кои се во американски притвор. Во исто време, Пекинг изјави дека е длабоко шокиран и остро ја осудува отворената употреба на сила од страна на САД против суверена држава.
Со години, Венецуела е близок сојузник на Кина, која е еден од најголемите купувачи на венецуелска нафта, и покрај строгите меѓународни санкции. Ненадејното апсење на Мадуро во операција на американските специјални сили предизвика широка дебата во кинеските политички и медиумски кругови.
Трамп и кинескиот претседател последен пат се сретнаа во октомври во Јужна Кореја, за време на тридневната турнеја на Трамп низ Азија. По таа средба, Трамп рече дека двајцата „се согласиле за речиси сè“.
Според Трамп, вкупните американски царини за кинески стоки треба да се намалат за 10 проценти, благодарение на напредокот во разговорите за увоз на соја, ретки метали и прашања поврзани со фентанил.
Регион
Србин кој загина во пожар во Швајцарија е прогласен за херој: Се вратил во барот за да ги спасува гостите
Четириесет лица ги загубија животите, а повеќе од 100 беа повредени во ужасниот пожар што го зафати барот Le Constellation во швајцарскиот скијачки центар Кранс-Монтана на новогодишната ноќ. Меѓу жртвите е и Стефан И. (31), обезбедување кој стана херој откако спасил неколку гости од пожарот, но, за жал, не можел да се извлече од него, пишува швајцарскиот портал „Блик“.
Стефан И. работел како обезбедување. Кога избувнал пожарот, тој мирно почнал да ги турка гостите на безбедно. Како што објавија медиумите, откако извадил неколку луѓе, се вратил во објектот зафатен од пламен за да спасува уште луѓе. Тој несебичен чин го чинел неговиот живот, пренесе „Индекс“.
🔴🇨🇭 FLASH INFO – Une vidéo capture le départ de l’incendie au bar « Le Constellation » à Crans-Montana (VS), alors que le plafond s’embrase.#Suisse #CransMontana #Incendie
pic.twitter.com/f6IL9NYuyK— Media Express (@media_express_e) January 1, 2026
Французинката која успеала да избега на време го опишала обезбедувачот како личност која „без двоумење се соочила со опасност за да ги заштити другите“, истакнувајќи ја неговата извонредна храброст и саможртва во средината на тоталниот хаос.
Стефан, Србин по потекло од Ваљево, живеел во Швајцарија 20 години, каде што имал и државјанство. Неговото семејство се надевало до последен момент дека тој преживеал.

