Свет
Швајцарија ја става економијата на прво место, властите сакаат да избегнат нова блокада
Швајцарија се гордее на начинот на кој успеа да го ограничи ширењето на коронавирусот во рамките на своите граници, истовремено заштитувајќи ја својата економија од штети предизвикани од пандемијата.
Според „Фајненшл тајмс“, властите велат дека економијата е приоритет во следните месеци. Од октомври, властите ќе овозможат собирање до 1.000 луѓе во затворен простор.
Министрите оваа недела се состанаа со претставници на секторот за туризам и угостителство за да разговараат за тоа како да започне сезоната на зимски туризам.
„Бевме соочени со нешто за кое немавме претстава и ни требаше време да сфатиме што се случува“, рече Ефи Вајена, професор по биоетика на ЕТХ Цирих.
„Важно е да можеме да управуваме со ситуацијата“ додаде таа.
Вонредната состојба поради пандемијата во оваа алпска земја официјално заврши во средината на јуни и оттогаш 26 кантони независно донесоа одлука за мерки за борба против инфекцијата.
„Разумната насока беше да се фокусираме на враќање на животот во нормала – за економијата и општеството како целина. Швајцарците сакаат рамнотежа”, рече Вајена.
Швајцарија донесе одлука во март да го затвори и запре јавниот живот, но исто така беше една од првите во Европа што повторно го отвори својот угостителски сектор. Ресторани и барови се преполни од средината на мај, а продавниците се полни во текот на летото.
„Стратегијата никогаш не била да се победи вирусот со употреба на алатки за јавна политика, туку да се справиме со вирусот. Важно е да можеме да управуваме со ситуацијата. Кога гледам во други земји, тие изгледаат помалку убедени дека можат. Можеби затоа гледате повеќе затворање на границите и воведување мерки за штедење “, рече еден владин советник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.