Свет
Полицијата во Чикаго уби малолетник кој се обидел да побегне за време на контрола
Седумнаесетгодишник им подлегна на повредите откако во него пукаше полицијата во Чикаго, пренесуваат американските медиуми.
„Малолетникот се обиде да побегне за време на сообраќајна контрола. Полицаецот, кој се обидел да го стигне, пукал во него. Момчето подоцна починало“, пишува во соопштението на одделот за истраги на случаи во кои е вмешана полицијата.
Истражителите од тој оддел ги прегледале сите расположливи снимки и продолжуваат со сослушување на сведоци, за да ги утврдат околностите на несреќата, се додава во соопштението.
Како што се наведува, жртвата е Мајкл Елам.
Претходно полицијата објави дека нејзин припадник пукал во осомничен во вооружен инцидент и дека лицето е пренесено во болница и е во критична состојба.
Полицијата во Чикаго, третиот по големина американски град, изминатите години е обвинувана за повеќе пропусти. Во 2014 година полицаец белец со 16 куршуми го застрела Лаквон Мекдоналд, 17-годишник Афроамериканец, вооружен со нож, кој бил на поголема оддалеченост од него. Полицаецот Џејсон Ван Дјук беше осуден на речиси 7 години затвор поради убиство.
Подоцна, видеоснимка објавена во 2015 година за убиството на момчето ги разлути жителите и предизвика неколкумесечни протести.
Сојузната истрага на полицијата утврди дека полициските злоупотреби биле чести во тој град, погоден со насилства и криумчарење дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.