Свет
Полицијата растури забава за време на полициски час во Лима – 13 лица загинаа во стампедо
Најмалку 13 лица загинаа во предградието на перуанскиот главен град Лима, бегајќи од полицијата која упаднала во ноќен клуб кадешто имало роденденска забава за време на полициски час.
Полицијата првично била повикана во клубот каде што се собрале околу 120 лица на роденденската забава и ги прекршиле мерките против коронавирусот, со кои не се дозволени масовните собири.
Откако полицијата влегла во просториите, гостите се обиделе да избегаат преку единствениот излез, па многумина биле прегазени.Министерството ги отфрли извештаите во медиумите дека полицијата употребила солзавец и дека некои од жртвите се задушиле.
Околу 20 лица се проведени во текот на ноќта, а според медиумите најголемиот дел од настраданите во стампедото се на возраст од 20 до 30 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски во понеделник во Париз
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз во понеделник, 17 ноември, за време на посетата насочена кон „повторно потврдување на посветеноста на Франција кон Украина“, објави денес Елисејската палата.
Оваа деветта посета на Володимир Зеленски на Франција од почетокот на војната што Русија ја води од 2022 година „ќе овозможи повторно потврдување на долгорочната посветеност на Франција кон Украина и „одржување на динамиката на започнатата работа по прашањето за безбедносните гаранции“ во рамките на „коалицијата на земји што се подготвени“ што го поддржува Киев, според француското претседателство, објави телевизијата BFM.
Посетата, исто така, ќе овозможи размена на мислења за прашања од билатералната соработка, особено во енергетскиот, економскиот и одбранбениот сектор, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Зеленски: Украинските сили користеа ракети со долг дострел „”Long Neptune” “ против руски цели
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека неговите сили користеле украински крстосувачки ракети со долг дострел „”Long Neptune” “ против цели во Русија во текот на ноќта, додавајќи дека ваквите напади стануваат сè поуспешни од ден на ден.
„Во текот на ноќта, нашите борци успешно го користеа „Долг Нептун“ против одредени цели на руска територија и ова е наш целосно оправдан одговор на постојаниот терор на Русија“, напиша Зеленски на платформата X, пренесува Ројтерс.
Како што наведе, украинските ракети постигнуваат сè позначајни и попрецизни резултати практично секој месец.
Фото: принтскрин
Свет
Министерот за здравство на Романија најавува истраги по смртта на девојче кај стоматолог
Министерот за здравство на Романија, Александру Рогобете, објави дека Државната санитарна инспекција и Контролното тело ќе спроведат административни проверки откако двегодишно девојче почина синоќа во стоматолошка ординација во Букурешт, откако доживеа кардиореспираторен застој за време на интравенска анестезија.
Романскиот министер изјави дека прелиминарните информации укажуваат на можно доцнење помеѓу моментот на срцев застој и повикот на бројот за итни случаи, но нагласи дека оваа информација „се зема со резерва“ и дека попрецизни податоци ќе бидат достапни откако ќе заврши истрагата, објави „Digi24“.
Рогобете објасни дека административните проверки ќе вклучуваат усогласеност со прописите и минималната опрема на ординацијата, додека медицинската комисија испитува дали имало елементи на медицинска небрежност.
Фото: принтскрин

