Контакт

Европа

Полска испраќа војници на исток поради „Вагнер“ и белоруските специјални сили

Објавено пред

Полска одлучи да ги премести воените формации од запад кон исток на земјата поради потенцијалната закана од присуството на платеници од руската група „Вагнер“ во соседна Белорусија, објави државната новинска агенција ПАП повикувајќи се на секретарот на Комитетот за безбедност на земјата.

dobivaj vesti na viber

„Обуката или заедничките вежби меѓу белоруската армија и групата ‘Вагнер’ несомнено се провокација“, ПАП го цитира Збигњев Хофман. За потсетување, шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, беше прикажан на видео во средата како ги пречекува своите борци во Белорусија. Тој им вели дека засега нема да учествуваат во војната во Украина, но им наредува да се подготват за Африка додека ја обучуваат белоруската војска.

Вчера, пак, белоруското Министерство за одбрана соопшти дека платеници од „Вагнер“ почнале да ги обучуваат белоруските специјални сили на воен полигон на неколку километри од границата со Полска, членка на НАТО.

„Комитетот ги анализира можните закани, како што е преместувањето на единиците на групата „Вагнер“. Затоа, министерот за национална одбрана, претседател на Комитетот, Мариуш Блашчак, одлучи да ги премести нашите воени формации од запад кон исток на Полска“, додаде Хофман.

Жителите во близина на границата на Полска со Белорусија вчера изјавија дека можеле да слушнат истрели и хеликоптери откога групата на „Вагнер“ пристигнала да ги обучува белоруските специјални сили, што ги зголемило стравувањата дека војната во Украина ќе стигне до нив.

На почетокот на јули Полска објави дека ќе испрати 500 полицајци за зајакнување на безбедноста на границата со Белорусија.

Европа

(Видео) Русија почна со вежби со тактичко нуклеарно оружје, објавена снимка

Објавено пред

Руските сили ја почнаа првата фаза од вежбите, кои вклучуваат „рачна обука за подготовка и употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува „Њузвик“.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се вели дека вежбите вклучуваат хиперсонични ракети „Кинжал“ опремени со специјални бојни глави.

Претходно овој месец, рускиот претседател Владимир Путин се одлучи на овој потег велејќи дека тоа е одговор на милитантните изјави на западните претставници.

Руското Министерство за одбрана (МО) во порака објавена на руската платформа за социјални мрежи „ВКонтакте“ (ВК) објави дека персоналот на Јужниот воен округ почнал со обука и извршување борбени задачи со специјална муниција за ракетните системи „Искандер“. Беше објавена и првата снимка.

Вежбите се одржуваат во Јужниот воен округ на Русија по должината на украинската граница и делови од Украина под контрола на Русија. Белорусија, каде што Русија распореди тактичко нуклеарно оружје минатата година, исто така ќе биде вклучена во вежбите, соопштија двете земји.

Тактичкото или нестратешкото нуклеарно оружје е помалку моќно од стратешкото оружје дизајнирано да уништи цели непријателски градови, но сепак има огромен деструктивен потенцијал.

Прикажи повеќе...

Европа

Норвешка ја призна палестинската држава

Објавено пред

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава.

dobivaj vesti na viber

Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека скандинавската земја донела одлука официјално да ја признае Палестина како држава.

Одлуката стапува на сила на 28 мај, објави АП.

„Не може да има мир на Блискиот Исток доколку не дојде до признавање“, рече норвешкиот премиер, додавајќи дека „Палестина има основно право на независна држава“.

Неколку земји од Европската унија во последните недели дадоа индикации дека планираат да ја признаат Палестина, бидејќи сметаат дека решението со две држави е клучно за траен мир во тој регион.

Норвешка, која не е членка на Европската унија, но најмногу ги следи одлуките на Брисел, долго време го поддржува решението со две држави, Израел и Палестина.

Прикажи повеќе...

Европа

ЕУ: Веќе нема ризик од кршење на владеењето на правото во Полска

Објавено пред

Европската комисија денеска објави дека планира да ја затвори постапката против Полска до крајот на мај, бидејќи веќе не постои ризик од сериозно кршење на владеењето на правото.

dobivaj vesti na viber

Потпретседателката на Комисијата за вредности и транспарентност, Вера Јоурова, изјави дека полските власти покажале решителност да ги исправат неправилностите во областа на правдата, дека признале дека има проблем во таа област, дека се подготвени да го елиминираат, дека европското законодавство има приоритет пред националното законодавство и дека се обврзале дека ќе ги спроведуваат одлуките на Судот на правдата на Европската унија и Европскиот суд за човекови права поврзани со владеењето на правото, вклучително и независноста на судството.

„Мислам дека во случајот со Полска веќе нема очигледен ризик од сериозно кршење на владеењето на правото“, рече Јоурова и најави дека по дискусијата на состанокот на министрите за европски прашања во вторник овој месец, ќе предложи до Комисијата да ја затвори постапката.

Таа додаде дека приговор на ваквата оценка има само унгарскиот министер за правда Јанош Бока, кој обвинува дека Комисијата во овој случај се води од политички причини, а не од реални промени во полското правосудство.

Во текот на осумте години на власт, претходната полска влада предводена од националистичката партија Право и Правда спроведе низа реформи во судството, со што се доведе во прашање поделбата на власта и независноста на судството, како и слободата на медиумите. Поради ова, Полска беше блокирана од милијарди евра кои и беа наменети во европскиот буџет.

Новата полска влада предводена од премиерот Доналд Туск, која ја презеде функцијата во декември минатата година, најави дека ќе обезбеди повторно воспоставување на независноста на судството и ќе го поништи она што претходната влада го направи во таа област.

Слична постапка се води и против Унгарија, чија влада со години е во конфликт со европските институции и другите членки на ЕУ за почитување на владеењето на правото во таа земја.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

На скопскиот аеродром спречен влез на 1,7 тони медикаменти, кои се штетни за здравјето на граѓаните

Царинските службеници на влез на Меѓународниот аеродром „Скопје“ спречија влез на 1,7 тони медикаменти, „силденафил цитат упс“ и „сибутрамин“, кои...

Македонија2 часа

Велигденов: Владата да се заземе за интересот на „Македонска пошта“ бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица

Првиот синдикалец на „Пошта“ информира дека и покрај претходните протести не е регулирано прашањето на редовно примање плата и не...

Македонија4 часа

Зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила

По добиената пријава во ЦУК, за зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во село Опила во општина Ранковце,...

Македонија4 часа

Граѓаните на Куманово да не ја користат водата за пиење од Водоводот, алармира ЦУК

Денеска, до Центарот за управување со кризи до Секторот за операции и координација е побарана координација помеѓу институциите заради надминување...

Европа4 часа

Норвешка ја призна палестинската држава

Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава. Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека...

Македонија4 часа

„Георгиев и Мемети се само дел од криминално судскиот октопод“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се причината поради која денеска правосудството е корумпирано. Наке Георгиев и Иџет Мемети се остатоците од криминалната...

Свет5 часа

Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не...

Свет5 часа

На италијанскиот министер за одбрана му се слоши, хоспитализиран поради болки во градите

Во вторникот на италијанскиот министер за одбрана Гидо Крозе му се слошило за време на состанокот на Врховниот совет за...

Свет5 часа

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран, Хамнеи води молитва за Раиси

Стотици илјади луѓе се собраа утрово на улиците на Техеран за да присуствуваат на погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси...

Свет5 часа

(Видео) Неколку лица загинаа во торнадо во Ајова, десетина повредени

Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс....

Македонија17 часа

(Видео) Поплавувања и штети од пороен дожд и град во Куманово, Старо Нагоричане и Липково, се очекува зголемување на водостојот на Лепенец

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град...

Македонија20 часа

Осомничениот за двојното убиство Љупчо Палевски – Палчо, спроведен во Кривичниот суд: одреден му е притвор од 30 дена

Осомничениот за двојното убиство во Скопје и Велес од ноември минатата година, Љ.П. кој на 15.05.2024 година беше екстрадиран од...

Македонија20 часа

30-дневен притвор за судијата Наќе Георгиев

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал...

Македонија21 час

Одземање на пасошот и мерки за претпазливост за Иџет Мемети, бара Обвинителството

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на претходна постапка при Основниот...

Македонија1 ден

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, им забрани на вработените на Клиниката за токсикологија да даваат медиумиски изјави...

Македонија1 ден

Повеќе од 100 отсто зголемен бројот на претставки за дискриминација во 2023 година, Комисијата се жали на ограничен буџет и малкумина вработени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација минатата година добила двојно повеќе претставки во однос на 2022 година. Денес, Комисијата...

Топ1 ден

Загина маж во Кичевско: со возилото излетал од патот

Вчера во 13.00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Трапчин Дол, кичевско, патничко возило...

Топ1 ден

Тело на маж извлечено од Вардар кај Камениот мост – засега не е познат неговиот идентитет

Вчера, околу 20 часот, тело на машко лице било забележано од водите на реката Вардар во Скопје. Според изјавите на...

Македонија1 ден

Одземен имунитетот на судијата Наќе Георгиев, Обвинителството отвори истрага и против Мемети, но за него не се бара притвор

Обвинителството отвори истрага за врховниот судија Наќе Георгиев и за членот на Советот на јавните обвинители, Иџет Мемети, кои се...

Македонија1 ден

МВР утврди неправилности: забавниот парк со панорамско тркало во Карпош ќе биде отстранет

Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на општина Карпош, поточно пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без соодветни...