Свет
Помпео се закани со нов санкции ако Турција ги активира руските системи С-400
САД ја советуваа Турција да не ги распоредува руските системи С-400 со закана со поголеми санкции иако Белата куќа е претпазлива во казнувањето на својот сојузник во НАТО, кој може да одговори со затворање на своите бази за американските трупи, пренесува РТ.
„Може да следат повеќе санкции, но искрено она што навистина би сакале е С-400 да не почне да функционира”, рече државниот секретар Мајк Помпео во интервју за „Блумберг“.
САД неколку месеци ја притискаа Турција да се повлече од договорот за оружје со Русија, заканувајќи се дека ќе го казнат својот сојузник за непослушност со санкции.
Како одговор на првите испораки на рускиот хардвер, САД формално ја избркаа Турција од програмата за Ф-35, во која Анкара инвестираше околу 1,25 милијарди долари и останува отворено прашањето дали средствата ќе ѝ бидат надоместени.
Во исто време, и покрај сите закани со остри санкции, Белата куќа се двоуми околу нивното наметнување.
„Не постои распоред за нови санкции”, истакна Стејт департментот додек претседателот Доналд Трамп бара повеќе флексибилност во својата реакција.
Во меѓувреме, Турција подготвува планови за контрасанкции, со кои, во најлош случај, американските сили би можеле да бидат протерани од турските воздухопловни бази од кои Вашингтон зависи во проектирањето на своето влијание во регионот, особено во Ирак и во Сирија.
„Во моментов го водиме процесот, без разлика дали станува збор за Инџирлик, Куречик или други прашања, Ако Америка преземе многу негативни чекори кон нас, ако има санкции или понатамошни чекори, ќе имаме одговори за Америка “, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.