Свет
Поради пожар итно евакуирани речиси 7.000 жители на Ново Мексико
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ххјкл.jpg)
На жителите на село на југот на американската сојузна држава Ново Мексико им беше наредено веднаш да се евакуираат поради шумскиот пожар кој брзо се шири.
Официјални лица во Руидосо, село со 7.000 жители, ги повикаа жителите во понеделникот вечерта веднаш да се евакуираат и да не се обидуваат да собираат предмети или да ги заштитат своите домови, пренесува АП.
Јавната служба на Ново Мексико ја исклучи струјата во дел од селото поради пожарот, кој зафатил најмалку 5,1 квадратен километар во моментот на наредбата за евакуација, објави локалната телевизија КОАТ ТВ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Родител нападнал наставници во Чачак вербално и физички: Повикал „влијателни луѓе“ да му ги подобрат оценките на неговото дете
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/policija55-1200x545_c.jpg)
Во основното училиште „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Чачак, родител на еден ученик Ж.Ч. ги нападнал наставниците, прво вербално, а потоа и физички, затоа што бил незадоволен од успехот на своето дете, соопштија од „Синдикатот за образование Чачак“.
„Родителот направил тежок инцидент за кој била повикана полиција и целиот случај е предаден на јавен обвинител“, се наведува во соопштението на Синдикатот. Синдикатот тврди дека целиот случај дополнително се усложнува со „интервенциите на градските раководители за подобрување на оценките на тој ученик“, како и интервенциите на разни влијателни луѓе од Чачак, на кои родителот се повикал при инцидентот.
„Се поставува прашањето каква порака испраќа ова до децата кои правилно ги исполнуваат обврските, но и до нивните родители. Дали е подобро денес да имате моќни и влијателни познаници отколку да бидете вредни и посветени на учењето?“, се наведува во соопштението.
„Просветен синдикат Чачак“, кој е мнозинскиот синдикат на просветните работници во тој град, го осуди ваквиот однос кон просветните работници и ги повика родителите да ги гледаат наставниците како нивни најблиски соработници во образованието и воспитувањето на нивните деца. Синидкатот побара од надлежните институции што поефикасно да го процесуираат насилството врз наставниците.
Регион
Успешно спасување на 11 граѓани на Полска во хрватскиот дел од Јадранско Море: спречена едрилица да удри во карпи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/dgg.jpg)
Министерството за море, транспорт и инфраструктура денеска соопшти дека 11 членови на екипажот на едрилица со три деца се спасени од удар во карпите кај Дуги Оток по невреме, а се работи за полски државјани.
Се наведува дека службениците на подружницата на пристаништето Сали синоќа спречиле едрилица со неколку членови на екипажот, меѓу кои и малолетни деца, да удри во карпите на островот.
Оттаму велат дека пријавата ја добиле вечерта во 2 часот и 30 минути, по што е започната спасувачка акција во соработка со Капетанијата на пристаништето Задар.
„Водачот на единицата побарал помош поради неможност да се управува едрилицата во исклучително силно невреме и поради опасност од удар во карпите, додека на едрилицата имало вкупно 11 членови на екипажот, меѓу кои водачот и тројца малолетни деца, сите државјани на Република Полска“, се наведува во соопштението.
Веднаш по пријавата спасувачката екипа запловила, а недолго потоа ја пронашле едрилицата недалеку од пријавената позиција, од каде ЛК Задар и ЦК Риека пријавиле опасност по животот на екипажот на едрилицата, која се движела неконтролирано под ефектите на бурните јужни и високи бранови и непосредната близина на карпите на островот Гармењак Вели, се наведува во соопштението.
Регион
Нови Пазар и Крагуевац ги зафати силно невреме, ветрот собори дрвја во центарот на градот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/nevreme.jpg)
Силно невреме пропратено со врнежи од дожд и бурен ветер, краткотрајно и град, попладнето го зафати Нови Пазар и околината, како и Крагуевац.
Ветерот собори дрвја, а паднатите дрвја предизвикаа одредена штета на угостителските објекти во центарот на Нови Пазар.
Дождот врнеше исклучително интензивно, предизвикувајќи поплави на шеталиштата и улиците, кои се претворија во водни порои.