Контакт

Свет

Поранешен агент на ЦИА сексуално малтретирал десетици жени, ги дрогирал и ги фотографирал голи

Објавено пред

Поранешен агент на ЦИА, обвинет за дрогирање и сексуално малтретирање на најмалку дваесетина жени за време на разни странски задачи пред судот во Вашингтон се изјасни за виновен по сите обвиненија за сексуална злоупотреба поради што може да биде осуден на 30 години затвор.

dobivaj vesti na viber

Брајан Џефри Рејмонд (47) чувал речиси 500 видеа и фотографии што ги направил од голи онесвестени жени, вклучително и на такви на кои може да се види како им ги отвора нивните очни капаци и како ги пипка, соопштија обвинителите. Сликите датираат од 2006 година и следат голем дел од кариерата на Рејмонд со жртви во Мексико, Перу и други земји, пишува АП.

Случајот е срам за ЦИА, која беше на удар на критики во последните месеци поради честопати таинствено и застарено справување со недоличното однесување, пренесува медиумот.

АП откри дека најмалку дваесетина жени се јавиле да им кажат на властите и на Конгресот за сексуалните напади, несаканите допири и, како што велат, напорите на ЦИА да ги замолчи. Приправник на ЦИА беше осуден за напад во август откога ѝ завитка шал околу вратот на колешката и се обиде да ја бакне на скалите во седиштето на агенцијата „Ленгли“.

ЦИА јавно ги осуди злосторствата на Рејмонд, а директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во мај почна серија реформи за да се насочат барањата, да се поддржат жртвите и побргу да се дисциплинираат оние што се вклучени во недоличното однесување.

„Како што покажува овој случај, ние сме посветени да работиме со органите за спроведување на законот за да обезбедиме правдата да биде задоволена“, се вели во соопштението на ЦИА. „Дополнително, многу сериозно ги сфаќаме сите наводи за сексуален напад или вознемирување и презедовме значителни чекори за да обезбедиме инклузивна средина за нашата работна сила“, се вели во извештајот.

Адвокатот на Рејмонд не одговори на барањата за коментар.

Обвинителите го опишаа 47-годишниот Рејмонд како искусен сексуален предатор, кој водел детален список на потенцијални жртви организиран по име, етничка припадност и белешки за нивните физички карактеристики.

Проверувајќи ги неговите уреди, иследниците пронајдоа инкриминирачка историја на пребарување на интернет за термини, како „алкохол и несвестица“ и „вотка и валиум“. Во една е-пошта до онлајн-аптеката Рејмонд напишал: „Добро попладне, дали имате хлорал хидрат за несоница?

Кога бил уапсен пред три години, Рејмонд бил стациониран во Мексико Сити, каде што запознал жени на апликации за запознавање и ги поканил во неговиот стан изнајмен од Амбасадата.

Дека Рејмонд е предатор, беше откриено дури во 2020 година кога гола жена, која поранешниот агент ја запознал на „Тиндер“, повикала помош од неговиот балкон во Сан Диего.

Поради ова, загрижен сосед повикал полиција. Инспекторите ги пребарале електронските уреди на Рејмонд и почнале да ги идентификуваат жртвите, од кои сите опишале дека доживеале некаков вид губење на меморијата за време на нивното време со него. Обвинителите имаа намера да повикаат дури 14 наводни жртви за време на судењето.

Рејмонд се изјасни за виновен по четири од 25 точки од обвинението, вклучително и сексуален напад, принуда и транспорт на непристоен материјал. Поранешниот агент ќе биде осуден во септември, а се соочува со затвор од 24 до 30 години.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Претседателот на Колумбија: Ги раскинуваме дипломатските односи со Израел

Објавено пред

Колумбискиот претседател Густаво Петро изјави дека ќе ги прекине дипломатските односи со Израел поради војната во Газа.

dobivaj vesti na viber

Петро претходно силно го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и повика Колумбија да се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.

„Овде пред вас, владата на промени, претседателот на републиката, најавува дека утре ќе ги прекине дипломатските односи со државата Израел, затоа што има влада, затоа што има претседател геноциден“, рече Петро на собир по повод Меѓународниот ден на трудот.

Светот не може да биде слеп пред настаните во Газа, додаде тој.

Во шестмесечната воена операција на Тел Авив загинаа 34.488 Палестинци, а ранети се 77.643, според здравствените власти во Газа. Војната ги расели повеќето од 2,3 милиони жители на Појасот Газа и го уништи најголемиот дел од крајбрежната енклава.

Најавата на Петро за прекин на дипломатските односи со Израел доаѓа во екот на се почестите шпекулации дека Израел наскоро ќе го нападне градот Рафах во јужниот дел на Газа, каде што се засолниле повеќе од милион Палестинци раселени од своите домови.

Прикажи повеќе...

Регион

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Објавено пред

Два земјотреси, во растојание од една минута – во 19.19 и 19.20 часот – вечерва се регистрирани на територијата на Албанија.

dobivaj vesti na viber

Земјотресите се со интензитет од 2,1 степен според Рихеровата скала.

Епицентарот на првиот земјотрес бил на седум километри од Елбасан, додека вториот на 62 километри од Тирана.

Според информациите на ЕМСЦ, неколку минути претходно, земјотрес од 2,5 степени имало и во јужниот дел од Грција, а уште два од 2 и 2,3 степени се регистрирани предмалку на Крит.

Претходно денес, Хрватска ја погоди силен земјотрес од 4,7 степени, а беше почувствуван и во Босна и Херцеговина. По овој потрес, следеа неколку помали.

Прикажи повеќе...

Свет

Хамас: Одговор за предлогот за примирје и ослободување на заложниците веројатно утре

Објавено пред

Водачите на Хамас вечерва рекоа дека го проучуваат предлогот за примирје и ослободување на заложниците што им го претставија египетските посредници и велат дека се надеваат оти ќе го испратат својот одговор до утре, се вели во соопштението на палестинската милитантна група испратена до „Асошиејтед прес“.

dobivaj vesti na viber

Тековната рунда разговори за примирје меѓу Израел и Хамас изгледаат сериозни, но страните се во несогласување за едно клучно прашање – дали војната треба да заврши како дел од договорот, објави „Тајмс оф Израел“.

„Многу веројатно утре, односно четврток, ако даде Господ, посредниците ќе добијат одговор“, соопшти Хамас.

Преговорите меѓу Хамас и Израел, преку посредници како САД, Катар и Египет, траат со недели, а по Париз се водат нови рунди разговори во Каиро.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија5 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија6 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет9 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија10 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија12 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија13 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија14 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија14 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија15 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија16 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија16 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија16 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет17 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет17 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет17 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија18 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...