Свет
ЦИА предупредува: Во овие сценарија имаше 50 отсто шанси Путин да употреби нуклеарно оружје
Во 2022 година ЦИА го предупреди американскиот претседател Џо Бајден дека има 50 отсто или повеќе шанси Русија да прибегне кон нуклеарно оружје доколку открие дека нејзините сили се десеткувани и дека незаконски анектираната територија на Крим е во опасност, пишува „Њујорк тајмс“.
Токму поради оваа причина тој го одржа говорот „Армагедон“ на 6 октомври 2022 година во Њујорк. „Не сме се соочиле со можноста за Армагедон уште од Кенеди и кубанската ракетна криза“, предупреди тој тогаш, според „Њујорк пост“.
Во таа пригода Бајден предупреди дека рускиот лидер Владимир Путин е сериозен кога зборува за нуклеарен напад.
„Тој не се шегува кога зборува за потенцијална употреба на тактичко нуклеарно оружје или биолошко или хемиско оружје бидејќи неговата војска, може да се каже, очајно потфрли“, рече Бајден.
Откако Русија почна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, американските разузнавачи првично рекоа дека нема докази дека Русија планира да користи оружје за масовно уништување.
Меѓутоа, откако Украина изврши контранапад и почна да го потиснува рускиот напредок, ЦИА предупреди дека ги пресретнала сите дискусии на руските сили за можноста за употреба на тактичко нуклеарно оружје од помал обем.
Поранешниот претседател на Здружениот генералштаб, генерал Марк Мајли, ја нарече ситуацијата нуклеарен парадокс за САД. „Колку Украинците се поуспешни против руските сили толку е поголема веројатноста дека Путин ќе се закани дека ќе ја користи бомбата или всушност ќе ја употреби“.
Високи претставници на администрацијата на Бајден му рекоа на новинарот на Си-ен-ен, Џим Шиут, дека тимот на Бајден ригорозно се подготвува за можен руски нуклеарен напад врз Украина.
Висок функционер наводно рекол дека Советот за национална безбедност се состанал за да разговара за тоа како САД ќе одговорат на рускиот нуклеарен напад и како тој би можел да биде спречен.
Сега кога се чини дека Русија има предност на бојното поле, американското разузнавање повеќе не верува дека постои непосредна закана од нуклеарен напад, пишува „Тајмс“.
Сепак, Путин не ја исклучи можноста да го искористи своето огромно нуклеарно оружје. „Западните земји мора да разберат дека имаме и оружје што може да погоди цели на нивна територија. Сето ова се заканува да предизвика конфликт со нуклеарно оружје и уништување на цивилизацијата. Зарем тие не го разбираат тоа?!“, рече Путин во своето обраќање до нацијата, пренесува „Н1“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.