Контакт

Свет

Посетителите на технофестивалот го опишаа масакрот од Хамас: „Како во хорор-филм“

Објавено пред

Со недели возбудените музички фанови го очекуваа фестивалот „Супернова“, кој се одржуваше во пустината во јужен Израел.

dobivaj vesti na viber

„Време е целото семејство повторно да се собере. Колку забавно ќе биде!“, напишаа организаторите на социјалните мрежи пред почетокот на фестивалот.

Само неколку часа подоцна нивните страници на социјалните мрежи беа преплавени со објави на очајни луѓе што се обидуваа да си ги најдат саканите откога палестинските милитанти упаднаа на фестивалот и отворија оган како дел од големиот ненадеен напад врз Израел, пишува Би-би-си.

Наводно, повеќе од 260 тела се извлечени од местото на фестивалот, според агенцијата за спасување „Зака“.

„50 терористи пристигнаа со комбиња, пукаа во луѓе и автомобили“

Ортел, еден од учесниците на фестивалот, рече дека првиот знак дека нешто не е во ред го забележале кога се огласила сирената пред зори предупредувајќи за ракети. Очевидци велат дека ракетите набргу биле проследени со истрели од огнено оружје.

„Тие ја исклучија струјата и одеднаш милитантите влегоа од никаде пукајќи и отворајќи оган на сите страни“, изјави тој за израелскиот „Канал 12“.

„Педесет терористи пристигнаа со комбиња, облечени во воени униформи. Луѓето се обидоа да избегаат од местото на фестивалот, трчаа преку песокот, седеа во автомобилите“, рече тој. Посетителите на фестивалот велат дека имало и џипови полни со вооружени луѓе, кои пукале од автомобилите.

„Тие испукаа рафали и стигнавме до точка кога сите ги запреа возилата и почнаа да трчаат. Влегов зад грмушка, а тие само почнаа да пукаат во луѓето. Додека лежеа наоколу, се обидував да разберам што се случува“, изјави еден посетител на фестивалот за Би-би-си.

„Се преправав дека сум мртов“

Фестивалот, со три бини, простор за кампување и храна и бар, се одржа во пустината Негев, во близина на Кибуц Реим. Местото на фестивалот е недалеку од Појасот Газа, од каде што борците на Хамас го почнаа својот напад в зори. Тие извршија рации во градовите и селата и зеле десетици луѓе како заложници.

Посетителот на фестивалот Адам Барел изјави за „Хаарец“ дека сите биле свесни за можноста од ракетен истрел во областа, но дека пукањето дошло како шок. Како и многу други, тој се обидел да избега со својот автомобил, но вооружените напаѓачи пукале кон нив, па тој излегол и почнал да бега.

„Луѓето беа застрелани. Се криев. Сите бегаа“, рекол Бурел.

Естер Борочов изјави за „Ројтерс“ дека возела од фестивалот кога автомобил удрил во нејзиното возило. Млад човек во другиот автомобил и рекол да влезе во возилото со него, а кога таа го направила тоа, тој бил застрелан од непосредна близина. Естер изјави за Би-би-си дека се преправала оти е мртва додека не била спасена од израелската армија.

Луѓето се криеја во овоштарници и грмушки

Многу посетители на фестивалот, како Ортел, поминувале часови криејќи се во блиските грмушки и овоштарници надевајќи се дека војската ќе пристигне и ќе ги спаси.

„Го спуштив мобилниот телефон и почнав да лазам низ овоштарникот. Се пукаше над мене, минуваа куршуми, жив оган“, изјави Ортел.

Гили Јоскович за Би-би-си раскажа како се скрила во овоштарник.

„Тие пукаа од дрво на дрво. Видов луѓе како умираат. Бев многу тивка, не плачев… По три часа, ги слушнав гласовите на израелските војници, па истрчав на безбедно“, рече таа.

„Тоа беше масакр“

Друг сведок на настанот за „Канал 12“ изјави дека сѐ изгледало како хорор-филм, кој траел неколку часа.

„Трчавме како луди, беше лудо“, рече тој.

„Тоа беше масакр“, рече Јанив, болничар од брзата помош, кој беше на фестивалот.

„Никогаш не сум видел нешто слично во мојот живот, тоа беше заседа. Луѓето излегоа преку излезот за итни случаи, а таму ги чекаа терористичките одреди и тие само ги киднапираа“, изјави Јанив.

„Имаше 3.000 луѓе на настанот, па веројатно знаеја“, додаде тој. Пријателите и членовите на семејството на исчезнатите од фестивалот сега очајно се надеваат дека ќе ги најдат.

Киднапирани посетители на фестивалот

Меѓу исчезнатите се и Британецот Џејк Марлоу (26), кој работел како обезбедување на фестивалот, и германската туристка Шани Лук, чија мајка верува дека е киднапирана.

Се верува дека е киднапирана и 25-годишната Ноа Аргамани, велат нејзиното семејство и пријателите. Нејзиниот пријател Амит Папара изјави за Би-би-си дека ѝ праќал пораки на 25-годишната девојка додека таа се криела.

„Последната порака од неа ја добив околу 8.30 ч. Подоцна, на социјалните мрежи видов дека е заробена. Видов како ја одземаат од нејзиното момче“, рекла таа.

Родителите на 23-годишниот Херш Голберг-Полин го бараат и својот син, кој бил таму откога го прославил роденденот. Тие за „Јерусалем пост“ изјавија дека во саботата наутро добиле две кратки пораки од него, на кои пишувало „Ве сакам“ и „Жал ми е“.

Најмалку 600 Израелци се убиени од почетокот на нападот, според последните извештаи на локалните медиуми. Борбите меѓу израелската армија и палестинските милитанти продолжуваат, а Израел почна бран воздушни напади врз Газа. Најмалку 413 лица загинаа во нападите, велат палестинските власти.

Европа

Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад

Објавено пред

Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.

dobivaj vesti na viber

Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.

Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Објавено пред

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.

Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.

Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.

Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.

„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA

Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.

Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.

Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.

Прикажи повеќе...

Европа

Мерц реизбран за лидер на ЦДУ

Објавено пред

Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.

dobivaj vesti na viber

Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.

Резултатот е негов втор најдобар досега.

Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.

Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.

Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.

Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија3 часа

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...

Свет4 часа

Плановите за напад на Иран влегуваат во последна фаза: поамбициозни се отколку што се сметаше претходно

Американските воени планови за операции во Иран се во завршна фаза, со опции кои вклучуваат таргетирање поединци или дури и...

Свет6 часа

Пристигна првата реакција на ЕУ за укинувањето на царините на Трамп

Европската Унија повика на стабилност во трансатлантските трговски односи откако Врховниот суд на Соединетите Американски Држави пресуди со 6-3 гласови...

Топ7 часа

Од Дубаи екстрадирано лице барано со потерница од македонската полиција, прва екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја

Денеска од Дубаи во нашата земја беше екстрадиран 33-годишниот Флорим Лимани, кој беше баран со меѓународна потерница за издржување затворска...

Топ7 часа

Кривична против поранешна директорка на Клиничка болница Битола за злоупотреба на службената положба и овластување

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против Е.И.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение за...

Македонија8 часа

Се заканувал со напад со „калашников“, иснпириран бил од настан од САД: дваесетгодишник од Мала Речица под истрага за тероризам

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе наредба за спроведување на истражна постапка против дваесет годишен жител на Мала Речица за...

Македонија9 часа

Од Струмица и Скопје, преку Свети Николе: под истрага шест лица за транспортот на осум тони марихиуана што заврши во Србија

Обвинителсството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица за неовластено изработување и пуштање во промет на наркотична дрога,...

Македонија10 часа

(Видео) Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ владиното покачување на минималната плата, ССМ пресмета 969 денари поскапа кошничка за февруари

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за месец февруари пресмета зголемување на вредноста на минималната потрошувачка кошничка за 969 денари,...

Македонија11 часа

Искусните лекари ќе можат да работат до 70 години и да земаат пензија каде што има дефицит, предност за вработување ќе имаат најдобрите дипломци – подготвени законските измени

Министерството за здравство подготви повеќе значајни измени и дополнувања на Законот за здравствената заштита, кои неделава се објавени на Единствениот...

Топ12 часа

Истрага за свирепо убиство во Челопек: Млад маж убил старица што живеела сама, се проверува и поврзаноста со слични злосторства

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано...

Македонија12 часа

(Фото) Германија донира техничка опрема и возила од 600.000 евра на МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска во кругот на Министерството за внатрешни работи присуствуваше на церемонија на примопредавање на...

Свет12 часа

Украински генерал: Можеме да се бориме уште со години

Олександр Пивненко, командант на Националната гарда на Украина, изјави дека Украина е способна да води војна уште неколку години и...

Македонија14 часа

Ристоска со реакција на изјавата на Мицкоски дека таа не е во игра за нов државен јавен обвинител

Во врска со изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски, дека Ленче Ристоска не е во игра за нов државен јавен обвинител, што...

Македонија14 часа

Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ

Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави...

Свет15 часа

Европските дипломати претпазливи во врска со подемот на Венс, оценуваат експертите

Европските сојузници внимателно го следат политичкиот подем на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кого некои аналитичари го сметаат за поидеолошки...

Свет15 часа

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

Финскиот претседател, Александар Стаб, изјави дека САД не можат да ѝ наредат на Финска да се откаже од својата одбрана...

Свет15 часа

Принцот Ендрју е првиот член на британското кралско семејство уапсен по 400 години

Иако наводно бил омилен на неговата мајка, кралицата Елизабета II, поранешниот принц Ендрју долго време е извор на проблеми за...

Свет16 часа

(Видео) Трамп: Сакав да си го доделам Медалот на честа затоа што бев неверојатно храбар кога отидов во Ирак

Доналд Трамп рече дека сака да си го додели Конгресниот Медал на честа. 79-годишниот Трамп зборуваше на митинг во Ромео,...

Македонија1 ден

По 100 дена мандат, Ѓорѓиевски порача: „Скопје повторно почна да дише“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави отчет за првите 100 дена од мандатот, наведувајќи дека ја презел функцијата во...