Свет
Поскапуваат дозволите за искачување на Монт Еверест
Дозволата за искачување на највисоката планина во светот, 8.849 метри високата планина Еверест, набргу ќе поскапи првпат по десет години, објавија непалските власти.
Почнувајќи од септември, сите заинтересирани да се искачат на покривот на светот ќе треба да платат 15.000 долари за дозвола за искачување на Еверест за време на сезоната на искачување, што претставува зголемување на цената за 36 отсто. Дозволата за искачување на Еверест чини 11.000 долари веќе 10-ина години.
Дозволите за планинарите што се упатуваат кон врвот надвор од сезоната на искачување, која трае од април до септември, исто така ќе поскапат 36 отсто, што ќе чини 7.500 долари од септември до ноември и 3.750 долари за искачувања од декември до февруари.
Зимските искачувања на Хималаите се најтешки и ги преземаат исклучиво врвни планинари, а сезоната од април до септември е преполна со комерцијално водени експедиции.
Врховниот суд нареди ограничување на бројот на искачувања
Приходите од планинарење и тури на голема надморска височина сочинуваат повеќе од 4 отсто од економијата на Непал. Непал издава речиси 300 дозволи за искачување на Еверест годишно. Непалската влада е критикувана затоа што дозволила премногу луѓе да се искачат на Еверест.
Останува да се види дали ова зголемување на цената на дозволата за искачување ќе го намали бројот на заинтересирани за искачување на Сагармата, како што го нарекуваат Непалците, или Чомолунгма, како што го нарекуваат Тибетанците. Повеќето клиенти на комерцијални водени експедиции доаѓаат од најбогатите западни земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пет големи европски земји: „Сакаме поевропско НАТО“
Франција, Германија, Италија, Полска и Обединетото Кралство најавија дека сакаат да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа преку создавање „поевропски НАТО“. Изјавата беше усвоена по состанокот во Краков, каде министрите за одбрана нагласија дека НАТО останува темел на колективната одбрана, но дека европските земји треба повеќе да придонесуваат.
Петте држави (формат Е5) се обврзаа на дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната со цел спречување евентуална руска агресија и справување со безбедносните закани. Тие повикаа и на „праведна распределба на товарот“ меѓу сојузниците.
Во фокус е и зголемувањето на издвојувањата за одбрана. Полска веќе издвојува 4,48% од БДП, додека Франција, Италија и Шпанија се околу 2%. Прашањето за трошоците ќе биде клучно и на самитот на НАТО во 2025 година во Хаг.
Лидерите нагласија дека секој мировен договор меѓу Украина и Русија мора да биде придружен со „цврсти“ безбедносни гаранции за Киев. Според нив, силна украинска армија е првата гаранција за траен мир, а евентуален прекин на огнот не смее да стане вовед во нова агресија.
Регион
Трамп ги спомена Србија и Косово: Ако не се согласувате, јавете ми се
Набројувајќи ги конфликтите што ги реши во претходниот период, претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера на состанокот на Одборот за мир ги спомена Србија и Косово, велејќи им на лидерите сами да продолжат да ги решаваат проблемите, а ако не можат – да го повикаат.
„Еден пример се Косово и Србија“, рече Трамп, повикувајќи ги лидерите да станат, иако Србија не се приклучи нa Oдборот, додека претседателката на Косово, Вјоса Османи, стана од своето место кога Трамп ја повика.
„Косово, Србија. Јас го направив тоа. Можете ли да станете, ако некој од вас е тука? Само станете на секунда. Косово, Србија, станете! Ви благодарам многу! Го цениме тоа! Одлично, а вие се согласувате. И кога не се согласувате, ме викате и ќе го решиме тоа, нели? Ќе го решиме“, рече Трамп на првиот состанок на Мировниот комитет, јавија српскките медиуми.
Вчера, во Вашингтон се одржа првата седница на Одборот за мир, основан на иницијатива на Трамп, а тоа е тело кое треба да работи на решавање на глобални безбедносни кризи и војни.
Првата задача, како што беше најавено, ќе се однесува на конфликтот во Појасот Газа.
Во јуни 2025 година, американскиот претседател одржа прес-конференција во Хаг на која се пофали со своите достигнувања, за кои верува дека ги постигнал како претседател на Америка.
Еден од примерите што ги наведе Трамп е дека, како што рече, тој спречил потенцијален конфликт меѓу Србија и Косово.
„Србија токму беше на прагот да го стори тоа, но ние го спречивме“, рече Трамп тогаш.
Свет
Мерц: Меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои
Германија мора да се наметне и да преземе поголема одговорност во преобликуваниот светски поредок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
За време на својот говор на конференцијата на неговата партија, Христијанско-демократската унија (CDU), тој оцени дека меѓународниот поредок базиран на права повеќе не постои, пренесува Ројтерс.
„Ова ќе доведе до создавање нова голема стратегија за Германија во обединета Европа. Покажуваме храброст да ја обликуваме иднината и храброст да се наметнеме“, рече Мерц.
Конгресот на ЦДУ се одржува денес и утре, 21 февруари, и тоа е првиот голем состанок на партијата откако Мерц ја презеде функцијата канцелар во мај минатата година, пренесува Танјуг.

