Свет
Потенцијално доверливи документи пронајдени во приватната канцеларија на Бајден, ФБИ вклучено во истрагата
Американското Министерство за правда ги разгледува потенцијално доверливите документи од времето кога Џозеф Бајден беше потпретседател на САД, пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон, објави Белата куќа.
Адвокатскиот тим на Бајден откри 10-ина досиеја во заклучен кабинет во центарот „Пен Бајден“ во Вашингтон во ноември, рече неговиот адвокат и тие беа предадени на Националниот архив, пренесува „Ројтерс“.
ФБИ е вклучено во истрага за доверливи документи пронајдени во невладината организација, а од американскиот државен обвинител, Мерик Гарланд, побарано е да ги прегледа документите, пишува „Си-би-ес њуз“.
Извор запознаен со случајот изјави за американската телевизија дека серијата документи не содржи нуклеарни тајни, а не е наведен степенот на нивната класификација и доверливост.
Специјалниот советник на Бајден, Ричард Заубер, во понеделникот во изјава за Си-би-ес рече дека документите биле откриени непосредно пред конгресните избори од адвокатите на американскиот претседател, кои го расчистувале канцеларискиот простор.
Бајден, кој беше потпретседател на САД за време на мандатот на Барак Обама од 2009 до 2017 година, тогаш имаше канцеларија во организацијата малку повеќе од една милја од Белата куќа до 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шпанија ги осуди нападите врз Иран, Санчез повикува на деескалација
Шпанскиот премиер Педро Санчез остро ги осуди нападите на САД и Израел врз Иран, предупредувајќи дека тие би можеле да ги зголемат тензиите во регионот и да придонесат за „понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“. Одговорот на Мадрид беше подиректен од многу други светски лидери, кои најчесто повикуваа на воздржаност и почитување на меѓународното право без директно да ги критикуваат САД или Израел, објави Euronews.
Rechazamos la acción militar unilateral de EE.UU. e Israel, que supone una escalada y contribuye a un orden internacional más incierto y hostil.
Rechazamos igualmente las acciones del régimen iraní y de la Guardia Revolucionaria. No podemos permitirnos otra guerra prolongada y…
— Pedro Sánchez (@sanchezcastejon) February 28, 2026
„Ја отфрламе едностраната воена акција на САД и Израел, што претставува ескалација и придонесува за понесигурен и непријателски расположен меѓународен поредок“, напиша Санчез на социјалната мрежа Икс.
Неговата изјава дојде по серијата напади од страна на САД и Израел низ Иран. Целите наводно вклучувале објект во центарот на Техеран за кој се верува дека е резиденција на 86-годишниот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи.
Свет
Иран тврди дека 201 лице загинало во нападите; САД: Нема американски жртви
Американската војска не претрпе жртви во борбените дејствија откако Иран одговори на американско-израелските напади со стотици ракети и беспилотни летала, соопшти во саботата Централната команда на САД.
Во исто време, иранските медиуми, повикувајќи се на Црвената полумесечина, објавија дека 201 лице загинале во израелските и американските напади во 24 провинции.
Американската команда соопшти дека иранските контранапади предизвикале минимална штета на американските инсталации и дека тоа не влијаело на операциите.
Според војската, целите на нападите биле командни пунктови на иранската армија и Револуционерната гарда, како и објекти за лансирање ракети и беспилотни летала.
Свет
(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во генерација“ да го соборат режимот таму. Тој рече дека нападите на Израел ќе им помогнат „да се ослободат од тиранијата“.
„Излезете масовно на улиците и завршете ја работата“, рече тој. „Крајно време е да се обединиме во историска мисија“, додаде Нетанјаху.
⚡️ Netanyahu: "There are more and more signs that Khamenei is no longer alive"
It is currently known that the ayatollah’s son-in-law, daughter-in-law, and secretary have been killed.
The Israeli Prime Minister also stated that the people of Iran will soon have a chance at… pic.twitter.com/WIbfArriiq
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2026
Нетанјаху, исто така, тврди дека „постојат многу знаци дека тиранинот Хамнеи повеќе не е жив“.
Тој не понуди докази за тоа тврдење.

