Свет
Почина Едуард Кукан

Поранешниот министер за надворешни работи на Словачка и пратеник во Европскиот парламент, Едуард Кукан, почина на 83-годишна возраст.
Кукан беше министер за надворешни работи на неговата земја од 1998 до 2006 година. Тој го освои третото место на претседателските избори во 2004 година.
Беше член на Европскиот парламент од 2009 до 2019 година.
Тој, исто така, служеше како специјален пратеник на Обединетите нации за Косово, назначен од тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан.
Тој беше и еден од посредниците на Европскиот парламент во меѓупартискиот дијалог меѓу власта и опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Шефот на НАТО: Имам порака за Кина, Индија и Бразил – Ве молам, јавете му се на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека секундарните санкции, кои вчера ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле сериозно да ги погодат големите увозници на руски енергенси, како што се Кина, Индија и Бразил.
„Мојата порака до овие три земји е: можеби треба подобро да размислите, бидејќи ова може сериозно да ве погоди. Ве молам, јавете му се на Владимир Путин и кажете му дека мора сериозно да се зафати со мировните преговори“, изјави Руте за време на посетата на Вашингтон.
Тој додаде дека Европа нема да дозволи Украина да остане без поддршка додека не се создаде простор за мир.
„Ќе најдеме пари во Европа за да обезбедиме Украина да биде во најдобра можна позиција штом започнат мировните преговори“, рече Руте.
Руте се повика на вчерашната изјава на Доналд Трамп, кој ѝ даде рок од 50 дена на Русија да прифати прекин на војната во Украина. Во спротивно, порача Трамп, САД ќе воведат нови царини за руската стока, како и секундарни санкции за земјите кои ќе продолжат да увезуваат руски енергенси.
Трамп исто така најави масовна испорака на американско оружје за Украина, вклучувајќи системи „Патриот“ и друго оружје, со посредување на НАТО сојузниците во Европа. Тој нагласи дека, доколку Москва ги одбие мировните преговори, одговорноста ќе ја сносат и нејзините надворешни партнери.
Само еден ден по изјавата на Трамп, Кина ја засили својата поддршка за Москва. Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба да ја „зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатерални форуми“, објави државната агенција Синхуа по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг.
Заканата од Трамп за секундарни санкции директно се однесува на земји како Кина, Индија и Бразил – кои се меѓу најголемите купувачи на руска нафта и гас. Реакцијата на Кина укажува дека пораките од Трамп не наидоа на очекуваниот ефект.
Свет
Прва реакција на Кина по ултиматумот на Трамп за Русија

Кина објави дека ќе ја зголеми својата поддршка за Русија откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини од околу 100 проценти доколку Москва не ја заврши војната во Украина во рок од 50 дена, објави кинеската државна агенција Ксинхуа.
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба да ја зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатералните форуми, откако го прими рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг.
Заедно со заканата со царини против Русија, Трамп се закани и со секундарни царини од 100 проценти за земјите што увезуваат руски енергетски производи. Најголеми увозници на руски енергетски производи се Кина и Индија.
Свет
Фицо ги блокира новите санкции против Русија: „Тие се имбецилни“

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави дека неговата влада побарала одложување на гласањето за 18. пакет санкции на Европската унија против Русија, тврдејќи дека досегашниот предлог на Европската комисија е несоодветен за интересите на Словачка.
Фицо на „Фејбук“ објави писмо од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и посочи дека останатите политички лидери во земјата го отфрлиле. Во писмото се наведува дека Комисијата подготвила „амбициозен и сеопфатен план за соработка со Словачка“ и дека е подготвена да ги адресира специфичните предизвици на земјата.
Фицо повтори дека се спротивставува на планот за забрана на увоз на руски гас од 2028 година, кој го нарече „имбецилен“, и порача дека е подготвен на преговори, но дека за Словачка најдобро решение е изземање сè до истекот на постоечкиот договор во 2034 година.
Иако предлогот за гас не е директен дел од пакетот санкции, Фицо изјави дека ги поврзува двете теми за да ја зајакне преговарачката позиција на Словачка, имајќи предвид дека за санкциите е потребна едногласна поддршка од сите земји членки.