Свет
Почина момчето од Јемен чија мајка се бореше за американска виза за да го види својот болен син
Почина болното момче од Јемен, чија мајка, по правна борба ѝ беше одобрен влез во САД, само поради состојбата на детето. Двегодишниот Абдулах Хасан, кој имал американско државјанство од таткото, боледувал од ретка генетска болест во терминална фаза. Умрел вчера во болницата во Оукланд во Калифорнија.
Иако синот ѝ бил хоспитализиран, Шаима Свилех неколку пати била одбиена за виза на основа на миграцискиот декрет на Трамп, кој го забранува влезот во САД за државјаните на шест во главно муслимански земји, а меѓу нив е и Јемен.
Медиумите ја следеа оваа афера и по молбата на таткото на детето пред камера, американската амбасада во Каиро ѝ дозволи на мајката да влезе во САД.
Абдулах боледувал од болст на мозокот и такото го донел на лекување во болницата во Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

