Контакт

Регион

Почина уште една од повредените жени при падот на Железничката станица во Нови Сад

Објавено пред

Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите, потврди за РТС директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.

dobivaj vesti na viber

– Со жалење мораме да соопштиме дека денеска, 17 дена по трагичниот настан на железничката станица, почина уште една жртва во несреќата што се случи во Нови Сад. Се работи за девојката која беше најтешко повредена. И покрај сите напори на лекарите од Клиничкиот и Универзитетскиот центар на Војводина, дојде до смртен исход – изјави Весна Туркулов.

Таа изрази сочувство до семејството на починатото девојка и изјави дека борбата за животите на преостанатите двајца преживеани продолжува. Сега веќе 15 лица загинаа при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Нови Сад пронајдено тело на обезглавена жена, уапсен e синот

Објавено пред

Тело на обезглавена жена е пронајдено денеска во новосадската населба Телеп, пренесува Танјуг. Нешто пред 12 часот ќерката повикала полиција и рекла дека брат и ја нападнал нејзината мајка.

dobivaj vesti na viber

По пристигнувањето полицијата го пронашла синот со траги од крв на рацете и безглавото тело на мајката кое било далеку од телото. Убиената е родена 1947 година, додека осомниченит за убиството е роден 1977 година и имал психички проблеми.

На лице место се спроведува истрага, а присутен е и обвинител на Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.

Од полициската управа во Нови Сад за Танјуг потврдиле дека се случило убиство и дека синот е уапсен, но повеќе детали не се откриваат.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Брод полн со патници удри во гребен во Хрватска

Објавено пред

Катамаранот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.

dobivaj vesti na viber

Како што пренесува 24часа.хр, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.

Се додава дека во бродот имало околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.

Патниците ги чека траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.

Прикажи повеќе...

Регион

Пленковиќ за апсењето на министерот за здравство: „Јас сум згрозен, ова е предавство“

Објавено пред

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, денеска, по повод апсењето и разрешувањето на министерот за здравство, Вили Берош, изјави дека е згрозен и дека надлежните органи имаат целосна поддршка од него и од неговата влада.

dobivaj vesti na viber

„Лично сум згрозен што некој би искористил позиција за лично богатење, тоа е незаконски чин на министерот и некои други. Здравството е особено чувствителна тема за сите граѓани. На Берош му беше доверено да се грижи за здравствениот систем и за здравјето на граѓаните и да управува со ресурсите на легален начин. Ниту тој ниту некој друг добил мандат за злоупотреба на системот“, изјави Пленковиќ на новинарите.

Тој исто така посочи дека ова може да се смета за чин на предавство.

Пленковиќ рече дека за секое вакво однесување на правосудните органи, колку и да се непријатни за владата во моментот, тие ја имаат целосната поддршка од извршната власт и нивната поддршка.

„Граѓаните знаат дека ние како влада нема да заштитиме никого од кривично гонење, без разлика за кого станува збор“, рече Пленковиќ и додаде дека ако се докаже дека овие обвинувања против Берош се точни, тој тоа го гледа како личен чин на предавство.

Тој додаде дека на коалицискиот состанок било констатирано дека владата ужива поддршка за работа на теми многу поважни за граѓаните и економијата на државата.

Пленковиќ рече и дека нема сознанија за евентуална штета предизвикана од коруптивните активности за кои се обвинети Берош и други.

Пленковиќ уште еднаш даде целосна поддршка на ДОРХ и другите надлежни органи оценувајќи ја општата моментна состојба како многу лоша.

Хрватските медиуми пишуваат дека првоосомничен е контроверзниот претприемач Хрвоје Петрач. Но, тој не е уапсен и моментно не е во Хрватска.

„Јутарњи лист“ наведува и дека Берош е обвинет за земање поткуп од 25.000 евра за набавка на спорни апарати за вкупно 75.000 евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 минути

Почина уште една од повредените жени при падот на Железничката станица во Нови Сад

Една од повредените жени при падот на настрешницата на зградата на Железничката станица во Нови Сад им подлегна на повредите,...

Македонија4 часа

Се доближуваат ставовите во однос на каматата за унгарскиот заем со банкарската асоцијација, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска по средбата со Македонската банкарска асоцијација на која се прецизраа условите под кои бизнис секторот ќе...

Македонија6 часа

Деца искршиле багер во Капиштец, градоначалникот Герасимовски бара полиција на терен

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета...

Топ6 часа

Фатен и спроведен во притвор осомничени за убиство во обид во Скопје

СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена  е кривична пријава против едно лице. Како што соопшти МВР, полициски службеници од...

Топ12 часа

Објавена снимка од моментот на експлозијата во дворот на Раде Штекли (ВИДЕО)

Порталот 4News објави видео-снимка од безбедносна камера на која, како што се наведува, е прикажан момент од детонацијата на експлозивната направа пред...

Свет12 часа

Масовно убиство во Кина, студент со нож усмрти осум лица

Најмалку осум лица загинаа, а 17 се ранети вчера кога дваесет и едногодишен студент изврши напад во источниот кинески град...

Македонија1 ден

Во земјава има околу 130 илјади пациенти со дијагностициран дијабетес

Во Македонија има околку 130 илјади дијагностицирани пациенти со дијабет. Изминатата година дијабетичарите ја прогласија за најтешка бидејќи немаа терапија....

Топ1 ден

Се апсеа дилери на дрога, за четири часа полицијата приведе 12 лица

По преземени мерки и активности на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и...

Топ1 ден

Притвор доби малолетникот кој со нож нападна и повреди две деца во Карпош

Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско. Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на...

Македонија1 ден

Откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат...

Македонија1 ден

Утрово земјотрес во Дојран

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 е регистриран изутринава во 5 часот и 31 минута во епицентралното подрачје Дојран-Кукуш, соопшти...

Свет1 ден

Незапаметена трагедија во Индија, 10 бебиња изгореа во пожар во болница (ВИДЕО)

Десет бебиња изгореа, а 16 се повредени во пожарот што се случил во петокот вечерта во болница во градот Џанси,...

Македонија2 дена

Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР, ова е само за да се затскрие настанот со бомбата во Ќерамидница

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските...

Македонија2 дена

Отказ добија 15 високи полициски функционери, кои незаконски давале дозволи за поседување оружје

Петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ бидејќи работеле спротивно на законот и нелегално издавале дозволи за поседување оружје,...

Свет2 дена

Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека неговата администрација ќе работи напорно за да стави...

Македонија2 дена

Од денес задолжителна зимска опрема за возилата

Од денес почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска...

Македонија2 дена

Граѓаните дишат загаден воздх, а власта ги намали парите за животна средина и чист воздух во буџетот, реагираат од СДСМ

Според СДСМ, не само што власта на Мицкоски и ДПМНЕ не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе презема мерки за воздухот и со системски решенија ќе обезбеди чиста животна средина

Загадувањето на воздухот не е проблем што може да се реши во четири месеци власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, велат од...

Свет2 дена

Зеленски ќе претстави нов план следната недела

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, најави дека следната недела ќе претстави нов план составен од 10 точки. „Продолжуваме да работиме на...

Македонија2 дена

Подготвени сме да се соочиме со гласачите, велат од ДУИ барајќи предвремени избори

Политичката партија ДУИ и утрово се осврна на повикот за предвремени избори, заедно со локалните, коментирајќи дека тоа не е...