Свет
Почна судењето на експремиерот на Франција, Франсоа Фијон

Во Париз денеска почнува судењето на поранешниот француски премиер и кандидат за претседател Франсоа Фијон, кој се сомничи дека ги користел јавните фондови за богато да ги плаќа својата сопруга и децата за работа која наводно никогаш не ја ни работеле.
Како што се наведува, Фијон ѝ платил на сопругата стотици илјади евра за дејност, која таа наводно никогаш не ја извршила, додека била вработена како негова асистентка.
Судењето би требало да трае до 11 март, но би можело да биде брзо прекинато веќе в среда, поради барањето на одбраната на Фијон, а поради солидарност со адвокатите кои најавија протест поради пензиските реформи, пренесе АП.
Ако биде осуден, на Фијон му се заканува казна затвор од 10 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британски гејмер бил сведок на убиство на пријателка од Финска додека играл онлајн игра

Британски гејмер бил сведок на страшно злосторство кога неговата онлајн пријателка (32) била смртно избодена во својот дом во Финска, а тој оддалечен повеќе од 1500 километри слушал без можност да спречи. Нападот се случил додека двајцата играле видео игра, јавува „Сан“.
Според полицискиот извештај, непознатиот Британец играл онлајн со пријателката околу 22 часот кога изненадно слушнал звук од скршен прозорец. Во паника ја прашал дали ги заклучила вратите, но веднаш потоа слушнал како убиецот на фински разговара со жртвата.
Британецот, немоќен да помогне, на 23 април во 5 часот наутро локално време, испратил е-пошта до финската полиција. Полицијата следниот ден го пронашла безживотното тело на жената во дневната соба и веднаш започнала истрага.
Истражувањето покажало бизарен ред на настани. По бруталното убиство, убиецот се упатил педесетина километри северно до градот Јува и запалил штала. Сосед го забележал пожарот и излегол надвор, а десетина минути подоцна бил сведок на страшна глетка– маж со рацете раширени излегол од изгорениот објект. Итната помош брзо стигнала и го пренела во болница, но мажот починал од тешките изгореници.
Криминалистичката инспекторка Марфа Раипела изјавила дека извршителот не бил познат на полицијата и дека случајот не се третира како терористички чин. Утврдено е дека ден претходно се преселил од својот дом во Иматра до Пумалу, каде што немал договорена средба со никого. Мотивот за ова дело останува непознат.
Полицијата верува дека жртвата била случајно избрана, поради тоа што нејзината куќа била лесно достапна и единствена со вклучено светло во тој момент. Со оглед на тоа што единствениот осомничен починал, случајот е официјално затворен.
Свет
Лавров: Распоредувањето европски војници во Украина е неприфатливо

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но прво мора да се решат некои прашања, вклучувајќи го и тоа дали украинскиот лидер има легитимитет за потпишување договор, изјави денес рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров.
Путин и американскиот претседател Доналд Трамп се сретнаа минатата петок на Аљаска на првиот руско-американски самит во повеќе од четири години, и двајцата лидери разговараа за тоа како да се заврши војната во Украина.
На прашањето на новинарите дали Путин е подготвен да се сретне со Зеленски, Лавров рече дека рускиот претседател повеќепати изјавил дека е подготвен да се сретнат.
„Нашиот претседател повеќепати изјави дека е подготвен да се сретне, вклучително и со Зеленски. Но, сите прашања кои бараат разгледување на највисоко ниво мора да бидат добро разработени, а стручњаците и министрите ќе подготват соодветни препораки.“
Лавров рече дека пред потпишување на идните договори треба да се „реши прашањето за легитимитетот на лицето кое ги потпишува тие договори од украинската страна“.
Путин повеќепати го изразил сомнежот во легитимитетот на Зеленски затоа што неговиот мандат требаше да заврши во мај 2024 година, но поради војната не беа одржани нови претседателски избори. Киев тврди дека Зеленски и понатаму е легитимен претседател.
Руски официјални лица велат дека се загрижени дека евентуален иден претседател, ако Зеленски потпише договор, би можел да го оспори тој документ со образложение дека мандатот на Зеленски технички е завршен.
Лавров исто така ги обвини европските лидери дека се обидуваат да го поткопаат напредокот постигнат на минатонеделниот самит САД-Русија на Аљаска за можен мировен договор во Украина.
Европските сојузници на Киев, според Русија, се обидуваат да го свртат вниманието од решавањето „на основните причини“ за војната, рече тој.
Тој повтори дека Русија е загрижена за начинот на кој се води европската дискусија за безбедносните гаранции за Украина без учество на Москва.
Лавров рече дека распоредувањето европски воен контингент во Украина би било неприфатливо за Москва.
„Странска интервенција на дел од украинската територија (…) би била целосно неприфатлива за Русија“, рече Лавров по разговорот со индискиот колега во Москва.
Лавров ја обвини Украина дека не сака праведно и трајно решение на конфликтот.
Свет
Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и целосно освојување на Газа, без разлика на тоа дали Хамас ќе се согласи на примирје и на спогодба за ослободување на заложниците.
Во интервју за „Скај њуз Австралија“, Нетанјаху го критикуваше австралискиот премиер Ентони Албанез и Канбера, обвинувајќи го за „попуштање“ пред терористички групи и нивните поддржувачи на Запад.
„Сигурен сум дека има углед во јавната служба, но мислам дека неговиот углед е засекогаш нарушен поради слабоста што ја покажа пред овие терористички монструми од Хамас“, рече Нетанјаху за Албанез.
Премиерот го прикажа градот Газа како „последно упориште на Хамас“, споредувајќи ја потребата за освојување со напорите на сојузничките сили да го освојат Берлин за време на Втората светска војна.
Планот за освојување на градот Газа предизвика критики на меѓународно ниво, поради влошувањето на хуманитарната криза и предупредувањата дека може да се загрозат преостанатите заложници.