Свет
Појавата на омикрон е затишје пред бура – до католички Божиќ 3.450 заразени, а во јануари 16.000 на ден
Четвртиот бран на Ковид-19 во Австрија полека опаѓа, а експертите предупредуваат дека поради појавата на сојот омикрон може да се појават нови рекордни дневни бројки на заразени лица.
„ Сегашното смирување е затишје пред бура“, тврдат експертите на телото за прогнозирање на развојот на Ковид-19.
Појавата на омикрон, според нив, поради зголемениот потенцијал за ширење, укажува дека ќе бидат надминати рекордите од четвртиот бран на епидемијата. Тие нагласуваат дека тоа би можело да се случи веќе на почетокот на јануари.
На врвот на четвртиот бран, на 19 ноември, во Австрија за 24 часа се регистрирани над 15.800 новозаразени лица. Доколку се остварат прогнозите на експертите, за само неколку недели повторно треба да се смета на повеќе од 16.000 новозаразени лица.
Експертите не можат да предвидат како тоа ќе влијае на болниците, поради недостигот на податоци за омикрон.
До католички Божиќ тие предвидуваат намалување на бројот на новозаразени на околу 2.100 до 3.450 новозаразени.
Се очекува до крајот на годината да има значителен пад на хоспитализираните пациенти со Ковид-19 на 790 до 1.280.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија го претстави новиот борбен тенк „Leopard 2A8“
Германската одбранбена компанија KNDS официјално го претстави својот нов главен борбен тенк, „Leopard 2A8“ кој ќе биде распореден со германските сили во Литванија, додека Европа го зајакнува своето присуство на источното крило на НАТО по границата со Русија. Тенкот беше претставен на јавноста во Минхен на церемонија на која присуствуваше германскиот министер за одбрана Борис Писториус, објавува „Њузвик“.
Според производителот, станува збор за сосема нов дизајн, а не за надградба на претходните платформи. Како и постарите верзии, „Leopard 2A8“ е опремен со топ со мазна цевка од 120 мм и два митралези од 7,62 мм. Оклопот е поотпорен, тенкот е побрз, опремен е со најновата паметна технологија.
Новата 45-та оклопна бригада (Panzerbrigade 45) во Литванија ќе биде првата што ќе ги добие новите тенкови „Леопард 2А8“. Бригадата беше основана во мај од германскиот канцелар Фридрих Мерц, а нејзиното формирање претставува прво трајно распоредување на германски трупи во странство по Втората светска војна. Се очекува бригадата да има 5.000 членови до 2027 година. Портпаролот на германското Министерство за одбрана одби да каже точно колку тенкови ќе добие бригадата, повикувајќи се на воена тајна.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Пукање во близина на Белата куќа: има повредени
Во близина на Белата куќа, седиштето на американскиот претседател, се случила пукотница во која биле застрелани неколку војници од Националната гарда, пишува „Дејли меил“.
Според написите, поради оваа пукотница имало целосна блокада на улиците пред Белата куќа.
🚨 BREAKING: MULTIPLE National Guard soldiers SHOT near the White House in DC.
At least three reported injured.
Shooter reportedly still at large.
Law enforcement responding from across the city.
PRAY FOR OUR TROOPS 🙏🏻 pic.twitter.com/51jhd6BQcS
— ᴰⁱᵍⁱ Gal (@DigitalGalX) November 26, 2025
Според извештајот на „Би-Би-Си“, три лица биле застрелани, а нивната состојба не е позната.
Според „Дејли меил“ напаѓачот сè уште не е идентификуван,а потрагата по него сè уште е во тек.
Фото: притнскрин
Свет
Кличко: Попуштање пред Путин
Обидите да се изврши притисок врз Украина и да се присили да се согласи со руските услови одат рака под рака со плановите на рускиот претседател Владимир Путин за војна против европските земји, изјави денес градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
„Обидите да се изврши притисок врз Украина и да се присили да се согласи со руските услови се соучесници во плановите на Путин за војна против европските земји. Русија конечно мора да биде лишена од можноста да го уценува демократскиот свет и да ја загрозува неговата безбедност“, рече Кличко за време на онлајн состанокот на Европската народна партија (ЕПП), кој се одржа на иницијатива на претседателот на таа партија, Манфред Вебер, пренесува РБК Украина.
Тој нагласи дека европските партнери треба активно да учествуваат во дискусијата за „мировниот план“, кој, како што изјави, треба да се базира на принципите на територијален интегритет, суверенитет, сигурни гаранции за безбедност и правото на Украина сама да ја одреди својата иднина.
„Нагласив дека Европа треба активно да учествува во дискусијата за мировниот план. И тој план треба да се базира на принципи како што се: територијален интегритет на Украина, нејзин суверенитет и право да ја одреди својата иднина, сигурни безбедносни гаранции. Ова се принципиелни прашања! Бидејќи зборуваме за иднината не само на Украина, туку и за идниот безбедносен систем и стабилен развој на цела Европа“, заклучи Кличко.
Фото: ЕПА

