Свет
По вакцинацијата, кај 240 Израелци дијагностициран коронавирус

Од еден милион Израелци вакцинирани против коронавирусот досега, на 240 им е дијагностициран вирусот неколку дена по добивањето на вакцината, пренесува израелскиот „Ченел 13“.
Според израелската телевизија, бројот ја истакнува потребата луѓето да продолжат да се штитат од вирусот бидејќи на телото му треба време да ги развие антителата потребни за борба против него.
Студиите за вакцината на „Фајзер“ покажаа дека имунитетот почнува да се јавува 8-10 дена по првата доза, па дури и тогаш имунитетот е само околу 50 отсто. Од таа причина втората доза се дава 21. ден по првата.
Исто така, нејасно е дали вакцината спречува лицето да го шири вирусот. Иако вакцинираниот поединец не би се разболел бидејќи имунолошкиот систем му бори против вирусот, неговата носна шуплина сè уште може да испушта честички од заразниот вирус.
Од милион вакцинирани во Израел, помалку од 20 луѓе пријавиле алергиски реакции на вакцината, вклучително и отекување на јазикот. Четири лица починаа неколку часа по примањето на вакцината, но според Министерството за здравство, нивната смрт не била поврзана со вакцинирањето.
Израел е на врвот во светот според стапката на вакцинација со повеќе од 10 отсто вакцинирано население, што претставува оддавање почит на научната експертиза на земјата.
Мухамед Абд ал-Вахаб Џабарин, 66-годишникот што премиерот Бенјамин Нетанјаху го прослави како милионити Израелец што ја примил вакцината, во неделата беше идентификуван како осуденик што издржал 14 години затвор за убиство.
Извештаите подоцна посочија дека канцеларијата на Нетанјаху, најверојатно, не била свесна за минатото на Џабарин и тој по случаен избор бил избран за милионити примател на вакцината од оние што чекале на клиниката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).