Свет
По 19 години од затвор излегува серискиот убиец Чарлс Собри: Неговите злосторства се прикажани во серијата „Змија“

Чарлс Собрај, осуден сериски убиец осомничен дека е одговорен за низа убиства во 1970-тите и 1980-тите, ќе биде ослободен по речиси 20 години минати во затвор во Непал.
Врховниот суд на Непал во средата нареди негово ослободување по 19 години затвор, наведувајќи ги како причини возраста и здравјето, пренесува „Ројтерс“.
Собрај (78), француски државјанин, е осомничен дека убил повеќе од 20 луѓе на „хипи патеката“ низ Азија.
Минатата година Би-Би-Си и Нетфликс копродуцираа ТВ серија која ги прикажува неговите злосторства наречена „Змијата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Дете остана без рака при експлозија на плажа кај Будва

Страшна несреќа се случи на плажа во близина на Будва, каде што вчера експлодираше боца за нуркање. Во таа прилика, едно дете беше тешко повредено.
Црногорската полиција го уапси М. Б. (45), граѓанин на Белград, кој е обвинет за предизвикување јавна опасност и нелегални активности. Според официјалните информации, осомничениот управувал со опрема за нуркање без потребната регистрација или одобрение, што, како што е наведено, ги загрозило животите на присутните.
Детонацијата се случила во непосредна близина на плажата, кога експлодирала боцата за нуркање. Делови од неа одлетале на поголемо растојание и го погодиле детето, странски државјанин, во раката, што довело до ампутирање на неговата рака. Повреденото дете веднаш било пренесено во болница.
До него, уште две лица се здобиле со полесни повреди од експлозијата и побарале медицинска помош.
На местото на настанот дошол обвинителот на Основното државно обвинителство во Котор, заедно со експерти од машинската струка, каде што била спроведена истрагата. По спроведените мерки и дејствија, М.Б. бил уапсен и приведен од надлежните органи.
Несреќата предизвика голема вознемиреност кај туристите и локалните жители, додека истрагата треба да ги утврди сите околности и одговорноста на осомничениот, пренесуваат медиумите во соседството.
Фото: принтскрин
Свет
Меркел: Сè уште стојам зад политиката на отворени граници за мигрантите

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека е изненадена што сè уште е критикувана за нејзината политика за мигрантите и фразата „ние можеме да го направиме тоа“, велејќи дека стои зад неа затоа што се грижи за човечкото достоинство.
Меркел во документарецот на ARD „10 години – Ние можеме да го направиме тоа!“ рече дека морала да го направи тоа „со човечко достоинство“ и дека за неа „пристапот кон прашањето е важен“, објавува денес „Tageschau“.
„Се осврнувам наназад и сфаќам дека тоа беше посебна одлука со која се соочив. Но, исто така, во последниве години, бев изненадена колку често тие три збора, „можеме да го направиме тоа“, ми беа возвратени назад. Тие не требаше да изразат ништо друго освен дека се соочуваме со огромна задача“, рече Меркел во единственото телевизиско интервју што го даде по повод десетгодишнината од отворањето на границите на Германија за бегалци и мигранти.
Таа рече дека ѝ било јасно дека нејзината одлука „ги навела луѓето да се приклучат на Алтернатива за Германија (АфД)“, која беше основана во 2013 година, и дека тоа „сигурно ја зајакна АфД“, но дека тоа не е причина да не се направи нешто што таа го смета за правилно, важно и хумано.
За време на разговорот, Меркел се дистанцира од пресвртот во политиката на Христијанските демократи (ЦДУ) и нивното затворање на границите за мигрантите, пренесува Танјуг.
„Ова е процес, но досега постигнавме многу. И она што сè уште треба да се прави, мора да продолжи да се прави“, рече таа.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц неодамна даде лоша оценка за својот претходник од ЦДУ на прес-конференција кога беше прашан дали Германија навистина успеала во својата политика кон мигрантите.
„Денес знаеме дека очигледно не успеавме во областа за која таа (Меркел) размислуваше во тоа време“, рече Мерц.
Фото: принтскрин
Свет
Масовно труење во хотел во Шпанија: со салмонела завршиле повеќе од 100 лица, меѓу нив и бебе

Повеќе од сто туристи беа заразени со салмонела во познат хотел во Ла Манга, популарно одморалиште во близина на Мурсија, Шпанија. Меѓу заболените се 15-месечно бебе, седум деца, како и бремена жена во осмиот месец од бременоста, пренесуваат медиумите во регионот.
Околу 20 гости биле пренесени во болница, додека привремена теренска болница била поставена во самиот хотел на брегот. Симптоми на труење: гадење, повраќање, дијареја и висока температура, се појавиле по саботниот ручек во ресторанот на хотелот. Првично биле пријавени 28 случаи, но бројот на пациенти наскоро се зголемил на повеќе од сто. Децата и бебето се пренесени во болницата „Санта Лучија“ во Картагена за лекување на треска и други симптоми, според написите.
Санитарната инспекција зеде примероци од храна од кујната на хотелот, а хотелот беше привремено затворен. Регионалните здравствени власти го третираат инцидентот како можна епидемија на салмонелоза. Хотелот, еден од најпознатите на Коста Калида, има ресторан на шведска маса (кој моментално е под истрага), бар на плажа, ресторан и англиски паб, кој исто така е привремено затворен.
Здравствените инспектори продолжуваат со истрагата, додека хотелот продолжува да добива критики за лоша комуникација со гостите. Бројот на пациенти би можел да продолжи да расте, а властите го истражуваат изворот на контаминацијата и преземаат дополнителни здравствени мерки за да спречат понатамошно ширење на инфекцијата.
Фото: принтскрин