Свет
По 51 година дешифрирана порака на познат сериски убиец
Кодот од 340 карактери е „разбиен“ 51 година откако таканаречениот Зодијак убиец, наводно, го испратил до Сан Франциско кроникл, потврди ФБИ. Убиецот, кој никогаш не беше фатен, убил пет лица со нож и огнено оружје во областа на заливот Сан Франциско кон крајот на 1960-тите, потсетува Би Би Си.
„ Се надевам дека се забавувате обидувајќи се да ме фатите. Не се плашам од гасна комора, бидејќи тие ќе ме испратат во рајот пред тоа, затоа што сега имам доволно робови за да работат за мене”, се вели во пораката, која беше една од неколкуте испратени до весникот за време на убиствата.

Во видеото што го објави на Јутјуб, дизајнерот од Вирџинија, Дејвид Оранчак вели дека го разбил кодот заедно со австралискиот математичар Сем Блејк и Белгиецот Јарл ван Ејк, управител на магацин и софтверски инженер за разбивање кодови. Тимот, кој користеше човечка генијалност и софтвер за да ја дешифрира пораката, ги посвети своите напори на жртвите и роднините на убиените.
Според „Сан Франциско кроникл“, ова не е прва кодирана порака која му се припишува на убиецот. Треба да се декодираат уште две, од кои едната може да го содржи името на убиецот.
Серијата убиства започнаа во декември 1968 година, кога маж и жена беа убиени во нивниот автомобил. Во јули 1969 година, друг маж и жена биле ранети, таа им подлегнала на повредите, а тој преживеал. Подоцна истата година, еден пар беше прободен со нож покрај езеро – и човекот преживеа. Во октомври 1969 година, еден таксист беше убиен во Сан Франциско. Убиецот, кој никогаш не бил обвинет или идентификуван, во писмо до весникот тврди дека убил 37 лица, но истражителите работеле врз основа на вкупно седум жртви, од кои петмина биле убиени.
Убиствата инспирираа два филма – Зодијак, со Роберт Дауни Jуниор, и Валканиот Хари во 1971 година, со Клинт Иствуд во улога на детектив во Сан Франциско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos

