Свет
Православните верници од Украина оваа година за првпат ќе го прослават Божик на 25 декември
Православните верници во Украина отсекогаш го празнувале Божиќ на 7 јануари, според јулијанскиот календар, но оваа година празникот пристигнува порано, бидејќи Православната црква на Украина за првпат дозволи празникот да се слави на 25 декември, објави порталот „Политико“.
Ваквиот потег претставува јасно одвојување од Русија, која го слави Божиќ на 7 јануари и дополнително ќе го продлабочи јазот меѓу двете украински цркви, пишува „Политико“.
Во 2018 година, Православната црква на Украина се отцепи од Украинската православна црква, која се смета за тесно поврзана со Москва и сега се соочува со повици за забрана, бидејќи се смета дека им помага на непријателите на земјата.
Надбискупот на Украинската православна црква Евстратиј Зорија за „Политико“ изјави дека на луѓето им останува избор кога сакаат да го прослават Божиќ, потсетувајќи дека основата за промена на датумот постои од 2017 година, кога 25 декември стана празник во Украина.
Бројни верници лобираа да се оддалечи од јулијанскиот календар, според кој е усогласена Руската православна црква.
Повиците станаа погласни по руската инвазија, поради што Украинската православна црква им дозволи на своите парохии, околу 7.000 од нив, да го прослават празникот на 25 декември доколку сакаат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

