Свет
Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела
Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува „Спутник“.
„Во моментот во тек е последната, трета фаза. Тестирањата се исклучително важни. Мора да сфатиме дека вакцината мора да биде безбедна. Медицинските професионалци и постарите граѓани ќе бидат првите што ќе се вакцинираат“, изјави Гриднев.
Според заменик-министерот, ефикасноста на вакцината ќе се процени кога населението ќе развие имунитет.
Рускиот министер за здравство, Михаил Мурашко, претходно порача дека масовната вакцинација во Русија се очекува да почне во октомври. Според министерот, сите трошоци ќе бидат покриени од државниот буџет. Вакцината е развиена заедно од Институтот за истражување „Гамалеја“ и руското Министерство за одбрана.
Руската вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, минува низ клинички испитувања во две установи: главната Воена клиничка болница „Бурденко“ и Првиот московски државен медицински универзитет „Сеченов“.
Вакцината, заеднички проект на „Гамалеја“ и руското Министерство за одбрана, има две компоненти кои се инјектираат одделно и кои се очекува заедно да изградат долгорочен имунитет против вирусот.
Клиничките испитувања на вакцината почнаа на 18 јуни и вклучија 38 доброволци. Сите учесници развија имунитет. Првата група беше отпуштена на 15 јули, втората на 20 јули.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање
Американската полиција убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол, обвинител на таа американска држава.
Полицијата на Фејсбук соопшти дека нема повеќе осомничени и дека нема повредени „освен наводниот напаѓач“, пренесува Асошиејтед прес.
Кол одбил да одговори на прашањата на новинарите дали ученикот пукал и се обидел да влезе во училиштето.
Свет
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните власти.
Несреќата се случи вчера наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 24 лица, а 30 се повредени.
Свет
Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на Универзитетот Колумбија, окупирана од пропалестински демонстранти, нарекувајќи ги „бесни лудаци и симпатизери на Хамас“.
На митинг за претседателската кампања во Висконсин, Трамп рече дека „Њујорк е под опсада“ и го поздрави апсењето на околу 300 демонстранти, пренесува Ројтерс.
Некои членови на Републиканската партија ги обвинија универзитетските лидери за игнорирање на антисемитската реторика и малтретирање на пропалестинските протести низ САД.