Свет
Прва држава во светот која од туристите бара да положат заклетва
Зголемувањето на туризмот носи профит, но често може да остави катастрофални последици по животната средина. Една мала држава, поточно 13-тата најмала земја во светот, Палау, одлучи да стави крај на овој проблем.
Бидејќи оваа островска држава во Тихиот Океан има само 20 илјади жители, а годишно ја посетуваат повеќе од 160 илјади туристи, ваквата бројка веќе почнала да влијае на животната средина, па локалните власти одлучиле да воведат заклетва во својата законска регулатива.
Палау, на тој начин, стана првата земја во светот која воведе ваков тип на заклетва во својот закон. Заклетвата се заснова на долгогодишните напори за запирање на прекумерното уништување и искористување на природните ресурси.

„Деца на Палау, ветувам дека ќе ја почитувам оваа заклетва како ваш гостин и дека ќе го чувам и заштитам вашиот прекрасен и единствен островски дом. Се колнам дека ќе го третирам одговороно и свесно ќе истражувам. Нема да земам ништо што не ми припаѓа. Нема да им наштетам на живите суштества кои не ми штетат мене“, се наведува во заклетвата.
Исто така, децата во училиштата ќе почнат да учат за екологијата и заштитата на животната средина, а за возрасните ќе бидат понудени посебни програми за одговорното однесување.
Дека властите воопшто не се шегуваат со оваа заклетва, докажува и казната што туристите ќе ја платат доколку ја прекршат – милион долари!
Палау е архипелаг од вулкански острови со местоположба во Тихиот Океан меѓу Јапонија и Австралија. Островите изобилуваат со чисти плажи и шуми, а воедно таа област е природно живеалиште на ајкули кое се протега на површина колку американската сојузна држава Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Филмски напад во Италија: разбојници дигнаа во воздух возила за транспорт на пари
Драматичен вооружен напад врз возило за транспорт на готовина се случи утрово на автопатот во Италија, кој ги поврзува Лече и Бриндизи. Инцидентот се случил во близина на градот Тутурано, а според првичните информации, имало и пукање, објавува „Раи њуз“.
Во брза операција на полицијата во Лече се уапсени две лица осомничени дека се членови на банда. Тие беа лоцирани во северната област Саленто, каде што органите на редот веднаш започнаа потрага. Истрагата е во полн ек бидејќи се бараат и други членови на групата.
Un furgone portavalori è stato assaltato sulla statale 613, la superstrada che collega Lecce a Brindisi, all’altezza di Tuturano. Secondo le prime informazioni, ci sarebbe stato un conflitto a fuoco con i Carabinieri, ma non risultano feriti. Le immagini mostrano il momento in… pic.twitter.com/CcuqIu5kaf
— La Sicilia (@lasiciliait) February 9, 2026
Според написите, напаѓачите дигнале во воздух две возила за транспорт на готовина, објавува „Раи њуз“.
За да го нападнат, разбојниците блокирале друго возило на патот и го запалиле. Пожарникарите и полицијата веднаш пристигнале на местото на настанот.
По нападот, државниот пат Бриндизи-Лече беше привремено затворен за сообраќај во двата правци. Според компанијата Анас, одговорна за одржување на патиштата, затворањето се однесува на делница од 8,3 до 12,8 километри, во областа Сан Пјетро Вернотика. Екипите на Анас и полицијата се на местото на настанот, го регулираат сообраќајот и работат на воспоставување нормални услови што е можно поскоро, се вели во соопштението.
Свет
Макрон: Случајот Епстин ги засега САД, американското судство нека си ја врши работата
Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека американското судство треба да си ја врши работата во истрагата на аферата поврзана со американскиот осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
За време на посетата на Саемот за вино во Париз, Макрон изјави дека случајот Епстин „првенствено ги засега Соединетите Американски Држави“, пренесува „Фигаро“.
„Во тој случај, тамошното судство треба да си ја врши работата, и тоа е сè“, рече Макрон.
Во врска со поранешниот француски министер за култура Жак Ланг, кој е под истрага за неговите врски со Епстин и кој под притисок поднесе оставка од функцијата директор на Институтот за арапскиот свет, Макрон рече дека Ланг „донел одлука според својата совест“, пренесува Танјуг.
Регион
Хашим Тачи се соочува со 45 години затвор, обвинет е за убиства и тортура
Меѓународните обвинители за воени злосторства денес изјавија дека поранешниот косовски претседател Хашим Тачи ги контролирал етничките албански герилци и дека треба да биде прогласен за виновен за воени злосторства и да биде осуден на 45 години затвор.
Тачи и тројца други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и кратко по востанието од 1998-1999 година, кое на крајот донесе независност на регионот со мнозинско албанско население од Србија.
„Обвинетите извршија злосторства против своите противници за да ја преземат контролата врз Косово“, изјави обвинителката Кимберли Вест пред судот во Хаг. Таа додаде дека во 1998 и 1999 година, повеќе од 100 политички противници и наводни соработници на српските безбедносни сили биле убиени, а стотици биле злоупотребени во околу педесет логори под администрација на ОВК.
„Овој случај е за целта на четворицата обвинети да добијат и да остварат контрола врз целото Косово“, рече Вест кон крајот на речиси тригодишното судење во Специјалниот трибунал за воени злосторства за Косово со седиште во Хаг.
Тачи, кој беше премиер, министер за надворешни работи и претседател на независно Косово помеѓу 2008 и 2020 година, и другите обвинети ги негираат сите обвиненија. Адвокатите на Тачи, кои се очекува да дадат завршни зборови во среда, претходно тврдеа дека 57-годишниот Тачи немал вистинска власт над ОВК и нејзините воени команданти за време и по востанието.
Обвинителите тврдат дека Тачи и другите водачи на ОВК воделе насилна кампања против политичките противници, како и малцинските етнички Срби и Роми, со цел да преземат целосна контрола врз Косово.
Специјализираниот суд за Косово, во кој работат меѓународни судии и адвокати, беше основан во 2015 година за да се занимава со случаи на воени злосторства според косовскиот закон против поранешни герилци на ОВК. Многу Косовари веруваат дека судот е пристрасен и ги сметаат командантите на Ослободителната војска на Косово за херои кои го ослободија Косово од репресивната српска влада.
фото/ЕПА

