Европа
Првиот глечер што ќе исчезне во Исланд ќе биде обележан со споменик
Следниот месец на местото на глечерот Окџокул во Исланд ќе биде подигнат споменик за да се одбележи истиот, кој ќе стане првиот во нордиската земја што ќе го изгуби својот статус на глечер.
Експертите очекуваат дека во текот на следните 200 години 400 исландски глечери ќе исчезнат, вклучувајќи го и најголемиот во земјата, Ватна.
Научниците објавија пред пет години дека глечерот Окџокул или ОК станал премногу тенок, но дури следниот месец таму ќе биде поставена плакета.
На неа ќе пишува: „Во следните 200 години сите наши глечери се очекува да го следат истиот пат. Овој споменик служи за да признаеме дека знаеме што се случува и што треба да се направи. Само вие знаете дали го сторивме тоа“.
Стопениот глечер беше предмет на документарен филм од 2018 година наречен „Не е во ред“ (Not Ok), продуциран од антрополозите на универзитетот „Рајс“, Симен Хоу и Доминик Бојер.
„Ова ќе биде прв споменик на глечер изгубен поради климатските промени каде било во светот“, рече Хоу. „Со тоа што ќе го одбележиме губењето на ОК, се надеваме дека ќе го привлечеме вниманието кон она што се губи кога се топат глечерите на Земјата. Овие ледени тела се најголемите резервоари за слатководни води на планетата, а во нив се замрзнати истории на атмосферата“.
Хоу додаде дека глечерите, исто така, честопати се и важни културни форми полни со значење.
„Со овој споменик тие сакаат да истакнат дека на нас, живите, останува колективно да одговориме на брзото губење на глечерите и тековните влијанија од климатските промени. За глечерот ОК веќе е доцна“, истакна Хоу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.