Свет
Првиот човек на СЗО со порака: Ова нема да биде последна пандемија

Пандемијата предизвикана од новиот коронавирус нема да биде последна пандемија, а епидемиите се факт на животот, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој преку видео порака истакна дека светот мора да учи од Ковид-19 и да се позанимава со блиските врски меѓу здравјето на луѓето, животните и планетата.
„ Предолго светот оперираше во циклусот на паника и занемеравувања Фрламе пари на една епидемија и кога таа ќе заврши, забораваме на неа и не правиме ништо да спречиме следна“ предупреди тој.
Тедрос вели дека секоја земја треба да инвестира во она залихи за заштита: можност за избегнување, отркивање и ублажување на сите видови итни случаи.
Предупредувањето од шефот на СЗО следи кога првите дози на вакцините на „Фајзер-БионТех“ против коронавирус стигнаа во земјите на Европската Унија, а првите случаи на вакцинација се објавени во саботата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Здравствената состојба на папата Франциско останува стабилна

Здравствената состојба на папата Франциско, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.
„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза.
Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди на терапија со висок проток на кислород.
Папата Франциско вчера имаше бронхијален спазам, поради што беше потребна неинвазивна механичка вентилација, а во утринскиот извештај се посочува дека имал мирна ноќ и се одмора.
Свет
Сијарто: На состанокот меѓу Зеленски и Трамп беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи

На состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, беше јасно кој е за мир, а кој сака војната да продолжи, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Вчера на сите им стана појасно од кога било кој сака мир, а кој војна. Кој сака да прекине убивањето, а кој сака да продолжи. Кој е тој што стои на тлото на здравиот разум, а кои се тие кои не жалат ниту за човечки животи, ниту за милијарди евра, само за да продолжи војната“, објави Сијарто на мрежата Икс.
Тој рече дека „залагањето за мир“ на Трамп бил најважниот момент во последните три години од војната во Украина.
Свет
Зеленски пристигна во Лондон и порача дека американската поддршка е од клучно значење за Украина

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, при пристигнувањето во главниот град на Велика Британија, Лондон, изјави дека американската поддршка е од клучно значење за Украина.
Предвидено е Зеленски денеска да има средба со Кир Стармер, а утре да присуствува на средбата организирана од британскиот премиер со повеќе европски лидери, на која ќе се разговара за идниот мировен договор за Украина и негово спроведување.
Зеленски пристигна во Лондон од САД, каде синоќа имаше вербален судир со американскиот претседател и потпретседател, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс. Поради што беше откажана заедничката прес-конференција и не беше потпишан договорот за експлоатација на украинските минерални ресурси, според кој приходите од минералите ќе бидат депонирани во заеднички американско-украински фонд, а за возврат Украина да добие американски безбедносни гаранции.