Свет
Пред четири години и загина едниот син, пред шест месеци ѝ почина и другото дете: суровиот живот на Тина Тарнер
Пејачката Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст, потврди нејзиниот портпарол.
Тина Тарнер е родена на 26 ноември 1939 година во Натбуш, Тенеси. Нејзината мајка работела во фабрика, а нејзиниот татко бил баптистички министер. По разводот на нејзините родители, се преселила во Св. Луис каде што посетувала летна гимназија. Во познатиот клуб Империал го запознала ар-ен-би музичарот Ајк Тарнер, по што изразила желба да пее со него.
Со него била во брак од 1962 до 1978 година. Со нивниот прв хит River Deep, Mountain High започнал и кошмарот. Ајк почал секојдневно да ја малтретира каде нивните караници завршувале со крв и модринки.
Сепак, бракот траел до средината на 70-тите, кога почнал да се распаѓа поради зависноста од дрога и лошата психичка состојба на Ајк. По разводот во 1974 година, Тина го издаде својот прв независен албум, по што започна нејзината независна кариера.
Враќањето на сцената го сними во 1983 година со кавер на песната Lets Stay Together, која стана хит низ цела Европа, а се што следеше потоа е само историја.
Пред само шест месеци во својот дом во Лос Анџелес беше пронајден мртов нејзиниот 62-годишен син Рони Тарнер, додека пред четири години, почина и најстариот син на легендарната пејачка која го доби од врската со саксафонистот Рејмонд Хил.
Љубовта на својот живот ја запознава во 1985 година на забава на една издавачка куќа го запознала својот иден сопруг, продуцент на германската музика, шеснаесет години помладиот Ервин Бах.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија има сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.
Регион
Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник
Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.
„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада
Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.
Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.
За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.
Свет
Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец
Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.
Според светските агенции не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.