Свет
Прекинато производството на Нутела во најголемата фабрика во светот поради штрајк
Производство на нутела во најголемата фабрика во светот којашто се наоѓа во северниот дел на Франција, е блокирано веќе една недела поради штрајк на работниците, кои бараат повисоки плати, објавија претставници на синдикатот.
Во фабриката на италијанскиот Фереро се произведуваат 600.000 тегли нутела секој ден, кои сочинуваат една четвртина од вкупното производство на популарниот крем.Пред една недела, 160 работници во фабриката во северниот дел на Франција излегоа на штрајк, изјави Фабрис Каншел од синдикатот.
,,Ниту еден камион оттогаш не влезе ниту пак излезе од фабриката”, додаде Каншел.
Една недела е запрено и производството на киндер буено,а од четири производствени линии на Нутела работи само една.
Работниците бараат зголемување на платата за 4,5 проценти и бонус од 900 евра. Менаџментот понуди само 0,4 проценти повисока плата.
Фереро Франција соопштија дека се вклучени во „шестдневни дискусии, но синдикатот одбил сè“.Од компанијата најавуваат разврска на случајот на суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, тој останува на интензивна нега
Лекарскиот совет во болницата во словачкиот град Банска Бистрица, најверојатно, ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот Роберт Фицо, врз кој беше извршен атентат во средата, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини.
Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе остане на интензивна нега, соопшти денеска владата на земјата, пренесува „Ројтерс“.
Тој во четвртокот го посети Фицо по што изјави дека лекарите што се грижат за него не планираат нови операции, пренесува словачкиот портал „Правда“.
Регион
Томислав Николиќ имаше сообраќајна несреќа
Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и Народна Република Кина, утрово доживеа сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила утрово околу 9.15 часот, а Николиќ бил во службеното возило „ауди А8“, пренесува српски „Курир“.
Автомобилот го управувал возачот на Николиќ. Во несреќата нема повредени.
Свет
(Видео) Украинците објавија снимки од жестоки улични борби за важен град на северот
Украинската гранична стража објави снимка од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск на североистокот на земјата, во областа Харков.
Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили почнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.
Русите тврдат дека во градот влегле од два правци за да воспостават позиции, а Украинците тврдат дека ги туркаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во областа Вовчанск.