Свет
Премиерот на Британија повторно во болница, откако беше заразен од коронавирусот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва бил пренесен во болница за да му бидат извршени дополнителни испитувања, откако пред 10 дена кај него беше потврдено дека е инфициран од Ковид-19, пренесуваат британските медиуми.
„Скај Њуз“ пренесува дека кај Џонсон се уште се присутни симптомите на коронавирусот и дека тој има висока температура, па од тие причини бил пренесен во болница.
Според британските медиуми, во случајов повеќе станува збор за превентивна, отколку за итна мерка. Непознато е дали британскиот премиер ќе остане во болницата цела вечер за понатамошни испитувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Додаде дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови.
„Полските и сојузничките авиони дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисоко ниво на тревога“, наведе Оперативната команда на полските вооружени сили.
Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД, кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.
Свет
Белата куќа: Трамп се чувствува лошо затоа што Израел го нападна Хамас токму во Доха

На брифинг во Белата куќа, портпаролката Каролин Ливит изјави дека израелскиот напад врз Доха, кој погоди комплекс каде што престојуваа високи лидери на Хамас, „не придонесува за израелските или американските цели“. Сепак, таа додаде дека претседателот Доналд Трамп сè уште верува дека елиминацијата на Хамас е „достојна и легитимна цел“.
Ливит нагласи дека Катар е близок сојузник на Соединетите Американски Држави и дека Трамп се чувствува многу лошо во врска со локацијата на нападот. Таа додаде дека претседателот работи „активно и решително“ за да постигне мир.
Според неа, по нападот, Трамп разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и емирот на Катар.
Израелскиот премиер Нетанјаху претходно потврди дека лично одобрил „хируршки прецизен удар“ врз лидерите на Хамас во Доха, а израелската армија и Шин Бет објавија дека станува збор за заедничка операција против „врвното раководство“ на таа организација. Катар остро го осуди нападот, нарекувајќи го грубо кршење на меѓународното право, додека Хамас соопшти дека неговата преговарачка делегација преживеала, но во нападот загинале шест лица, вклучувајќи го и синот на главниот преговарач Калил ал-Хаја.
Свет
Хамас: Нашиот преговарачки тим го преживеа израелскиот напад

Хамас објави дека неговата преговарачка делегација го преживеала израелскиот напад врз главниот град на Катар, тврдејќи дека Израел се обидел да ги убие нивните преговарачи.
„Потврдуваме дека непријателот не успеа да ја убие нашата преговарачка делегација“, се вели во соопштението. Се додава дека нападот „несомнено потврдува дека Нетанјаху и неговата влада не сакаат да постигнат никаков мировен договор“.
Во истото соопштение, Хамас наведува дека во нападот биле убиени уште шест лица.
„Ги сметаме Соединетите Американски Држави за соодговорни за ова злосторство, поради нивната континуирана поддршка за агресија и злосторства на окупација против нашиот народ“, соопшти Хамас.
Хамас претходно објави дека израелскиот напад бил насочен конкретно кон нивната преговарачка делегација за време на состанокот во Катар, додека израелската армија потврди дека бил насочен кон високото раководство на Хамас. Ал Арабија објави дека главниот преговарач на Хамас, Калил ал-Хаја, е убиен, што Хамас сега го негира.