Свет
Претседателката на Молдавија: Граѓаните не сакаат во НАТО
Мнозинството граѓани на Молдавија се против идејата земјата да се откаже од неутралноста и да влезе во НАТО, изјави денеска претседателката на Молдавија, Маја Санду.
„Народот треба тоа да го сака затоа што тоа подразбира промени на Уставот и тоа треба да се направи преку референдум. Меѓутоа, ако ги погледнеме анкетите на јавното мислење ќе видиме дека нема сериозна поддршка за идејата за напуштање на неутралноста“, изјави Маја Санду во интервју за телевизијата ПРО, пренесе ТАСС.
Анкетите покажуваат дека повеќе од 55 отсто од Молдавците силно се противат на членството на земјата во НАТО, додека 27 отсто ја поддржуваат иницијативата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пелегрини за Фицо: Лекарите не планираат нови операции, тој останува на интензивна нега
Лекарскиот совет во болницата во словачкиот град Банска Бистрица најверојатно ќе се состане в понеделник кога треба да одлучи за понатамошното лекување на премиерот Роберт Фиц, врз кој беше извршен атентат во средата, изјави новоизбраниот претседател Петер Пелегрини.
Словачкиот премиер Роберт Фицо ќе остане на интензивна нега, соопшти денеска владата на земјата, пренесува Ројтерс.
Тој во четвртокот го посети Фиц, по што изјави дека лекарите кои се грижат за него не планираат нови операции, пренесува словачкиот портал Правда.
Регион
Томислав Николиќ имаше сообраќајна несреќа
Томислав Николиќ, поранешен претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и Народна Република Кина, утрово доживеа сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила утрово околу 9.15 часот, а Николиќ бил во службеното возило „ауди А8“, пренесува српски „Курир“.
Автомобилот го управувал возачот на Николиќ. Во несреќата нема повредени.
Свет
(Видео) Украинците објавија снимки од жестоки улични борби за важен град на северот
Украинската гранична стража објави снимка од жестоки борби за стратешки важниот град Вовчанск на североистокот на земјата, во областа Харков.
Борбите за тој град траат веќе една недела, откако руските сили почнаа ненадејна копнена офанзива преку границата. Во него тие зазедоа десетина села во регионот на Харков, но градот Вовчанск, кој беше речиси целосно евакуиран, сè уште се држи.
Русите тврдат дека во градот влегле од два правци за да воспостават позиции, а Украинците тврдат дека ги туркаат назад и го стабилизираат фронтот. Очигледно, најголем дел од борбите се водат во областа Вовчанск.