Свет
Професор на „Јејл“: Русија станува кинески вазал
Професорот по историја на „Јејл“, Тимоти Снајдер, смета дека руската инвазија на Украина ќе има лоши последици за Москва во годините што доаѓаат.
„Глобално осудената војна и последователните санкции против Русија ја туркаат сè поблиску до Кина“, рече Снајдер, експерт за фашизам и авторитаризам, објави „Хафингтон пост“.
„Ако (рускиот претседател Владимир) Путин не се откаже од Украина, тогаш неговото наследство нема да биде повторното воспоставување на Русија како глобална суперсила, туку таа ќе стане вазална држава на Кина“, предвидува Снајдер.
Професорот истакна дека „има многу луѓе во Русија што разбираат“ дека војната во Украина е морална, економска и геополитичка катастрофа.
„Прашање е дали некој од нив има храброст да му ја каже вистината на Путин и дали со време ќе разбере дека тоа што го прави го поткопува не само неговото наследство туку и неговата моќ“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.