Свет
Пукање по должината на рутата на маратонот во Сан Диего, приведена една жена
Една жена e привeдена кога полицијата во Сан Диего објави дека имало пукање по должината на маршрутата на маратонот, кој во градот се одржува секоја година.
Инцидентот бил пријавен во 11.09 часот по локално време, а се случил на паркинг во близина на кој се наоѓала целната линија на маратонската и полумаратонската трка, пренесува „Си-би-ес 8“.
Неколку минути подоцна, полицијата објавила дека ситуацијата е под контрола.
Покрај тоа, се наведува дека еден полицаец наводно бил повреден кога случајно се застрелал во ногата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.
Свет
Шолц: Мирот на Балканот не е нешто што се зема здраво за готово
Германија интензивно се залага за прием на земјите од Западен Балкан во Европската Унија бидејќи членството одамна е ветувано, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на средбата со Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, пишува „Дојче веле“.
Германскиот канцелар потоа потсети дека членството во Европската Унија, пред сѐ, зависи од условите што земјата членка мора да ги исполни на патот кон таа цел. Можеби тоа беше мал одговор на сите оние од Западен Балкан што се чувствуваа заобиколени откако на крајот на минатата година им беше отворен патот на преговорите на Украина и Молдавија по скратена постапка. Сега Шолц уште еднаш јасно стави до знаење дека патот е долг, а за некои многу, многу долг.
Тој се осврна и на безбедносната ситуација во регионот и рече дека мирот на Западен Балкан „не е нешто што се зема здраво за готово“.
„Босна и Херцеговина игра важна улога овде и ќе се спротивставиме на секој обид за загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Босна и Херцеговина“, рече Шолц и нагласи дека затоа Германија ќе истрае да учествува во воените мисии „Еуфор“ и „Алтеа“.